Излезе од печат „Тајните на Чароводие“. Започнете ја магичната авантура!

Излезе од печат „Тајните на Чароводие“. Започнете ја магичната авантура!

Со големо задоволство ви ја претставуваме „Тајните на Чароводие“ од авторката Јулија Иванова — првата книга од популарниот фантези циклус „Чароводие“, која конечно е достапна и за македонските читатели во превод на Максим Каранфиловски. Прекрасните илустрации во книгата се дело на познатата сликарка и мултипликаторка Татјана Петровска.

За содржината:

Добредојдовте во светот на Чароводие! Седум острови кријат во себе мноштво тајни: тука сè е исполнето со волшебна сила со која може да се управува со помош на живи камења – чаронити, одважни заштитници јаваат на крилати змејкучиња и патролираат по небото, а некогашните прогонети јавачи ненадејно се враќаат за да се одмаздат за дамнешните навреди.

Елда живее во осамен замок и дури не ни насетува какво богатство наследила од мајка ѝ – призрачен камен со три живи искри внатре. Некој со сета сила се труди да ја скрие вистината од девојчето, но верните другари ѝ помагаат на Елда да сфати дека светот наоколу воопшто не е таков како што таа си го замислувала. Нејзе ѝ претстои судир со прогонетите, да го отвори прозорецот во другата реалност, да го почувствува предавството на блиските и да пронајде во себе сили да оди до крај.

Ќе успее ли Елда да го обнови орденот кој исчезнува, да ги одгатне сите загатки и да открие кои ѝ се вистински пријатели, а кои се предавници?

За кого е наменета книгата?

Книгата е првенствено наменета за читатели од средна школска возраст, но и за сите оние љубители на пишаниот збор кои летаат во соништата и мечтаат за волшебни и неоткриени светови.

Остави коментар

×