Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

„Мирисот на другите“ е повеќеслоен роман што се одликува
со суптилни и длабоки психолошки портрети на ликовите.
Приказната се развива како круговите што се шират кога ќе
фрлите камен во вода и тие почнуваат да се пресекуваат и
спојуваат. Иако помеѓу некои од осумте ликови има
растојание од цели сто години, тие длабоко си влијаат едни
на други – па, така, разврската или јазот во приказната на
еден лик се разрешува во судбината на сосема друг лик.
Низ судбините на медицинската сестра, банкарот,
новинарот, отоманскиот паша, историчарот и други, романот
ги отсликува малите случајности што докажуваат колку
животот знае да биде магичен и неизвесен.
„Мирисот на другите“ долго ѕвони во мислите на читателот,
оставајќи го со прашањето: Кој знае чиј сѐ живот сме
допреле и на кого сè сме му влијаеле, сосема несвесни за тоа
додека само сме минувале покрај нив?
| Тежина | 300 кг |
|---|---|
| Димензии | 21 × 14 × 2 cm |
| ИСБН | 978-608-253-348-3 |
| Корица | мека |
| Наслов на оригиналот | Başkalarının kokusu |
| Година на објавување | 2026 |
| Превод | Марија Лоловска |
| Број на страници | 296 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.