Приказна за две деца

300 ден

Наташа Брезовска-Богоевска е родена декември 1971 година во Гостивар. Средно училиште завршува во „Јосип Броз Тито“, Скопје, а дипломира Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.

 

Работеше како наставник во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци, Велес. Во своето работно искуство е долгогодишен ментор на ученици со кои освојува награди и признанија на општинско, државно и меѓународно ниво.

 

Денес е вработена во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес.

 

Книгата „Приказна за две деца“ е книга која изобилува со многу богата книжевна содржина. Анализирајќи ја книгата преку сите раскази ми се разнежни душата. Низ буквите со погледот ги милував лицата на сите деца, главни јунаци кои се вистински херои и покрај тоа што имаат мали или големи здравствени проблеми. Во оваа книга постојат херои кои сакаат да помагаат на своите другарчиња и херои кои дозволуваат да им биде помогнато за да се вклучат во секојдневниот живот. И едните и другите се заслужни за почит.

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 1 cm
ИСБН

978-608-253-355-1

Корица

мека

Година на објавување

2026

Број на страници

70

Писател

Наташа Брезовска-Богоевска

Наташа Брезовска-Богоевска е македонска писателка за деца и возрасни.

Наташа Брезовска-Богоевска е родена во декември 1971 година во Гостивар. Основно училиште завршува во родното место. Средно училиште започнува во Гостивар, а завршува во „Јосип Броз Тито“, Скопје. Дипломира Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.

Две децении работи како наставничка во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци ‒ Велес. Од 2021 година работи во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.

Во своето работно искуство како наставничка е долгогодишна менторка на ученици со кои освојува награди и признанија на општинско, државно и меѓународно ниво. Тринаесет години го уредува училишниот весник „Цутар“. Еден мандат е претседателка на Друштвото на македонски јазик и литература на град Велес, еден мандат членува во организацискиот одбор на Сојузот на Друштвата на македонски јазик и литература за подготовка на државни натпревари. Во своето работно искуство како наставничка изработува сценарија и режира театарски претстави за училиштето и општината.

Како библиотекарка, таа е носителка и реализаторка на проекти од Библиотеката и Министерството за култура.

Член е на жири-комисија за Детски Рацинови средби.

Учествува со свои излагања на меѓународни конференции.

 Творештво

Авторка на песни и раскази за деца, млади и возрасни, објавени во заеднички збирки и антологии. Авторка на прилози објавени во „Просветен работник“ и „Колибри“. Соработничка е со детските списанија „Другарче“ и „Росица“, каде што објавува свои раскази.

Нејзините раскази се наградувани на државно и меѓународно ниво.

 Дел од книгите се преведени на англиски јазик.

Наташа Брезовска-Богоевска ги напишала следниве книги:

  • „Детства“ – раскази за деца и млади, 2020 (промовирана на Детски Рацинови средби);
  • „Авантурите на желчето Тео“ ‒ сликовница, 2020 (добитничка на награда за најдобра книга ‒ сликовница на Денови на македонската литература за деца 2020);
  • „Приказна за две деца“ ‒ раскази за деца, 2023;
  • „Нишки до срцата“ ‒ раскази за возрасни, 2023 (промовирана на Саемот на книга);
  • „Шумски приказни“ ‒ книга ‒ сликовница, 2023.

Застапена е во заедничките изданија

  • „Литературни искри“ ‒ 2017, 2020, 2024;
  • „Симфонија на срцето 4“, 2020;
  • „Карантински приказни“, 2020 (електронско издание);
  • „Различни светови“, антологија, 2023;
  • „Детски соништа“, антологија, 2023;
  • „Стихувалки“ ‒ 2019, 2022, 2023, 2024.

Награди и признанија

  • Добитничка на награда за најдобра режија на театарска претстава на „Драмски аматерски фестивал“, Кочани;
  • Добитничка на награда за најдобра книга ‒ сликовница на Денови на македонската литература за деца 2020 „Едука Мак“ во соработка со КИЦ Бугарија;
  • Добитничка на втора награда за поетска творба на Сојуз на просветни работници;
  • Добитничка на трета награда за расказ на наградниот конкурс „Секоја капка спомени“ во организација на „Макпрогрес“;
  • Добитничка на прва награда на меѓународниот конкурс „Божиќна приказна“;
  • Добитничка на прва награда на државниот конкурс по повод „Месецот на книгата“ при Домот на култура „Илинден“ и НБ „Петре М. Андреевски“ Демир Хисар;
  • Добитничка на прва награда на конкурсот „Магија на карневалската маска“ при ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица;
  • Добитничка на трета награда на конкурсот за краток расказ „И цвеќе и шлаканица“ во организација на Организација на жени во Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×