Рецензија на книгата „Приказна за две деца“ – од авторката Наташа Брезовска-Богоевска

Рецензија на книгата„Приказна за две деца“ - од авторката Наташа Брезовска-Богоевска

Рецензија на книгата„Приказна за две деца“ – од авторката Наташа Брезовска-Богоевска

Книгата „Приказна за две деца“ е книга која изобилувасо многу богата книжевна содржина. Анализирајќи ја книгатапреку сите раскази ми се разнежни душата. Низ буквите сопогледот ги милував лицата на сите деца, главни јунацикои се вистински херои и покрај тоа што имаат малиили големи здраствени проблеми. Во оваа книга постојатхерои кои сакаат да помагаат на своите другарчиња ихерои кои дозволуваат да им биде помогнато за да севклучат во секојдневниот живот. И едните и другите сезаслужни за почит. Пред мене се појавија сите ликови , безниту една сенка, без болести и состојби, какви и имињада ги носат. Раскажувањата во приказните се во првои трето лице,. Книгата е богата со епитети, метафори, анајмногу со компарации, каде се споредуваат , ама самокако другарчиња кои умеат да ги играат игрите секој на својначин. Главните ликови се деца, навидум различни, а сепакисти. Имаат ист јазик на говорење, а најмногу ист јазик наразбирање. Желбите им се исти, како и нивните игри. Ситедеца се прифатени од своите другарчиња. Ако бев стручназа дијагнози, ќе користев јазик, каде ќе се спомнуваа ситестручни изрази: инклузија, даунов синдром, аутизам, но јассе задржувам на содржината и на ликовите кои се главниличности во оваа збирка раскази. Не постојат такви децаза кои ќе го користиме изрази „тупав и глупав“, како заАдријан, близнакот кој не знае добро да чита, не постојатигри недостапни за децата и во инвалидска количка, Иванможе да игра кошарка, помагајќи му другарот Тони кој

секогаш се однесувал заштитнички кон него. Децата можатда играат, а да не бидат „вампири“, како Дора која живее назајдисонце, Бени кој е роден слеп, а Тино кога му станалдругар на плажа, му го објаснувал опкружувањето околу негоза да ја запознае средината во која се наоѓа. Некој може дабиде најдобар во правење сложувалки како Мики кој порадисвојата состојба е сам и живее во места е тишина. Но, таамонотонија ја прекинува детето Адам кое заедно со неговитедругари го прифаќаат момчето кое живее во свој свет, малкупоразличен од нивниот.

Од оваа книга можат да се набројуваат уште многуликови кои писателката ги опишува и доживува како многублиски и затоа нас нѐ запознава со нив по име. Раскажувајќија приказната преку нив, самите, нѐ внесува во нивниотсвет, нивната душа, за момент влегуваме во нивната кожа.Читателот среќавајќи се со сите ликови ги доживува какоблиски и затоа ги разбира и прима со сите свои различности.

Оваа книга е вредна за читање и анализа, бидејќиретко кој се охрабрил да ги опишува овие деца, кои имаатнешто поразлично од своите другарчиња.

Брезовска-Богоевска многу храбро, многу природноги слика со зборови овие јунаци кои се дел од нашетоопкружување. Нејзината порака до сите нас е за момент дасе замислиме на местото на другиот, никој не смее да бидепокажан со прст, ниту пак отфрлен од средината.

Оваа книга треба да си го најде местото за едукацијакаде ќе едуцира како треба да се однесуваме понекогаш иние возрасните, бидејќи децата низ страниците на книгавани го покажаа тоа преку сопствени примери и дела.

Писателката Наташа Брезовска-Богоевска прекукнигата „Приказна за две деца“ ни подари книга, за чијасодржина многу зборуваа, ама никој не ја напиша, книга која

недостасуваше на нашето општество кога станува збор задеца како „едното од двете“ кои се наоѓаат во училишнитеклупи, на улица, во парк, во продавница.

Писателката Наташа ја испрати најмоќната порака:

ЗА СИТЕ НАС ИМА МЕСТО ПОД СОНЦЕТО!

Рецезент

Професор и писател Китанова Ленче

Рецезент

Остави коментар

×