Излезе од печат: „Мирисот на другите“ од Асли Перкер

Со особено задоволство ја најавуваме и официјалната објава на романот „Мирисот на другите“ од турската писателица Асли Перкер, дело што доаѓа до македонската читателска публика во врвниот превод на Марија Лоловска. Ова е повеќеслоен роман кој се одликува со суптилни и длабоки психолошки портрети на ликовите, но и со една необична, хипнотизирачка структура.

Приказната во романот се развива како круговите што се шират кога ќе фрлите камен во мирна вода – тие почнуваат да се пресекуваат, да се спојуваат и да создаваат нови бранови. Иако помеѓу некои од осумте ликови има растојание од цели сто години, тие длабоко си влијаат едни на други. Така, разврската или јазот во приказната на еден лик на чудесен начин се разрешува во судбината на сосема друг лик.

Низ судбините на медицинската сестра, банкарот, новинарот, отоманскиот паша, историчарот и други ликови, романот ги отсликува тие мали, навидум безначајни случајности кои докажуваат колку животот знае да биде магичен, неизвесен и длабоко меѓусебно поврзан.

Книгата е веќе објавена и достапна за сите љубители на длабоката проза. „Мирисот на другите“ е дело што не завршува со склопувањето на кориците; таа долго ѕвони во мислите на читателот, оставајќи го со неизбежното прашање:

Кој знае чиј сè живот сме допреле и на кого сè сме му влијаеле, сосема несвесни за тоа додека само сме минувале покрај нив?

Остави коментар

×