Објавено на Остави коментар

Сликовници за развој на моториката кај децата

Нашите први интерактивни сликовници од серијалот „За вешти прстиња“ од Бенџи Дејвис, со механизми за развој на моториката кај децата. Прозорчиња што излегуваат со помош на тркалца и други елементи што се извлекуваат и вовлекуваат и се вистинска забава за целото семејство. Книгата има и едноставен римуван текст со впечатливи, прекрасни цртежи.

„Медо Чедо гаси пожар“ и „Медо Чедо помага за Божик“ се исклучително популарни книги во светот. Еден од најпродаваните серијали, во кои најмногу ќе се пронајдат малечките од 1 до 3 години, но се разбира ги охрабруваме и помалите дечиња да почнат да си играат со оваа одлична сликовница и да ја развијат моториката. И не, нема брзо да се оштети, бидејќи се изработени од високо квалитетен цврст картон со повеќе слоеви и дебелина на страниците од 4 милиметри. Има 10 вакви страници со вградени подвижни механизми и страниците се со големина 18 х 18 сантиметри.

Во секоја сликовница од серијалот, Медо Чедо има некаква задача. Во едната тој е пожарникар и ние заедно со него ќе добиеме итен повик, а низ пожарникарската шипка, ќе го спуштиме на приземјето, ќе облече пожарникарско одело и заедно со екипата ќе го збрмчат моторот на пожарникарското возило и ќе тргнат од пожарната. Ќе се возиме низ целиот град и на крајот Медо Чедо ќе биде херој на денот.

Во другата сликовница, Медо Чедо ќе се подготвува за Божик и ќе му помага на Дедо Мраз. Ќе ја полни санката со подароци, ќе носи подароци и ќе летаат заедно за подароците навреме да пристигнат кај сите.

До недела сме во Сити мол, и им ги препорачуваме на сите млади мајки, бидејќи овие сликовници, навистина ќе им помогнат во текот на денот, со тоа што децата сами ќе си играат со сликовницата, ќе ги влечат прозорчињата и ќе се забавуваат, ќе ја подобрат моториката и прецизноста и најважно од сѐ ви гарантираме дека ќе се заљубат во Медо Чедо. А и не е лоша идеја ако познавате некоја млада мајка, да ѝ подарите една ваква предобра сликовница.

Бенџи Дејвис е наградуван британски писател, илустратор и редактор на анимирани филмови. Се смета за еден најдобрите современи илустратори. Неговите сликовници се преведени на повеќе од 35 јазици и печатени се во повеќе од шест милиони примероци во различните краеви од светот.

Тој е роден 1980 година во Питербург.

Бенџи Дејвис во соработка со издавачката куќа „Nosy Crow“ постојано црта за серијалот на внимателно и стручно дизајнираните, интерактивните сликовници „Bizzy Bear“ (на македонски се Медо Чедо), кои се многу популарни во целиот свет. „Бата прес“ се приклучи на светскиот тренд и објави два негови наслови.

Цена на сликовницата е 499 денари.

Медо Чедо гаси пожар

499 ден
Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 50 Поени!

Медо Чедо помага за Божик

499 ден
Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 50 Поени!
Напишете коментар