Кој е твојот сон?

600 ден

Кој е твојот сон? Навистина едноставно прашање, но малкумина од нас размислуваат подлабоко за одговорот. 

Уште во најраните денови сме научени дека има само една патека по која треба да се оди: да бидеме одлични во училиште, да најдеме сигурна работа и да ги избегнеме неуспесите по секоја цена. Толку сме зафатени со следењето на овие правила, што никогаш не застануваме и не се запрашуваме: кoja е мојата цел? Што сакам навистина? Имам ли сила да ја остварам мојата цел?

Сајмон Сквиб е во мисија да ги смени животите на луѓето на подобро. 

Во неговата најпродавана бизнис-книга „Кој е твојот сон?“, тој ги споделува својата лична приказна и тешко стекнатите животни лекции од светот на бизнисот. Од бездомник на петнаесет години до успешен бизнисмен што продал бизниси за повеќемилионски суми, а денес поттикнува една нова генерација на идни претприемачи.

Оваа книга им дава сила на читателите да ги пронајдат своите значајни цели, да ги тргнат ограничувањата што им стојат на патот и да изградат побогат и поубав живот.

Бидејќи, понекогаш, потребно е само една личност да верува во вас…

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-337-7

Корица

мека

Наслов на оригиналот

What's your dream

Година на објавување

2026

Превод

Милан Велкоски

Број на страници

284

Писател

Сајмон Сквиб

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×