Мајсторот за порцелан

430 ден

Може ли еден момент на љубовта да ја надживее целата вечност?!

Германија, 1929 година. На свечениот собир на младите боеми во Вајмар, двете уметнички души, надарениот еврејски архитект Макс и истакнатата авангардна сликарка Бетина, се запознаваат и започнуваат страсна љубовна приказна. Нивните дарби ги носат до блескавите светла на Берлин, но блескавиот почеток наскоро ќе биде засенет од сѐ поголемата закана на нацизмот. Макс ќе биде заробен и ќе го испратат во концентрациониот логор во Дахау, каде што само вештината за изработка на порцелански фигури го спасува од сигурна смрт. Во очајнички обид да ја спаси својата љубов, Бетина ќе ризикува сѐ за да го извлече од неволјата, а потоа ќе избега од Германија. 

Америка, 1993 година. Клара, ќерката на Бетина, тргнува на патување во потрага по сопствените корени во обид да го открие идентитетот на својот татко и да ја разоткрие тајната што нејзината мајка ја чуваше од неа, поради причина што Клара никогаш не ја разбра. Желбата на Клара да ги состави деловите од сложувалката на своето потекло нѐ враќа во времето на мрачната и страшна нацистичка Германија, кога се живее на работ, а лагите и смртта демнат од сите страни и од секое ќоше. Опстанокот и преживувањето зависат од силата, верноста, вербата, посветеноста и препознавањето на вистинските пријатели. Додека Клара копа сѐ подлабоко, постојано се прашува зошто нејзината мајка толку се труди да ја затаи болната вистина од своето мачно минато. 

Потресна и величествена сага за забранетата љубов, непоколебливата храброст и тајни што обликуваат цели животи.

Сара Фрити работела како продуцентка и сценаристка пред да се посвети на писателската кариера. „Мајсторот за порцелан“ е нејзиниот прв роман што веднаш се запиша на листата на најпродавани книги. Со семејството живее во Хемпшир. 

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-331-5

Корица

мека

Наслов на оригиналот

The Porcelain Maker / Sarah Freethy

Година на објавување

2026

Превод

Ненад Баткоски

Број на страници

304

Писател

Сара Фрити

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×