Објавено на Остави коментар

До недела сме во „Штип Сити мол“

Почнавме со обиколка на Македонија. Прва станица: градот со најубава пастрмајлија – Штип

Штипјани, од денес до недела ве чекаме во модерниот и преубав трговски „Штип сити мол“. Можете да ги најдете нашите книги на приземје, на нашиот штанд по намалени цени.

Трговскиот работи секој ден од 10:00 до 22:00. На штандот се претставени поголемиот дел од новите и актуелните наслови и секако ова супер прилика да си набавите одлични книги по супер цени за ова лето.

Ве очекуваме.

Објавено на Остави коментар

Какви книги да читаш, според бојата на јајцето што ти се допаѓа?!

Ако најмногу ти се допаѓа црвеното јајце, тогаш прочитај ја „Последната роза во Шангај“. Емотивна книга со длабока порака, исполнета со недозволена љубов во времето на Втората светска војна. Црвената боја е за страсни, амбициозни и личности со силна желба, како и главниот лик во книгата Аји.

Ако ти е најубаво зеленото јајце, тогаш треба да ја прочиташ „Анатомија на скандалот“. Трилер во кој привилегиите на богатите се ставени на тест во судница. Зелената боја е за силни личности, исклучително интелигентни, смирени и љубопитни, исто како адвокатката во оваа книга.

Ако најмногу сакаш виолетово јајце, тогаш треба да ја прочиташ „Сѐ поради еден војвода“. Чувствителна и нежна книга со главен лик кој има голема харизма, исто како и љубителите на виолетовата боја.

Ако се согласуваш или не се согласуваш со нашите експерти, пиши во коментар.

Објавено на Остави коментар

Како најлесно да го откачиш својот шеф, ако ти досаѓа за 1 Мај?!

Како најлесно да го откачиш својот шеф, ако ти досаѓа за 1 Мај?!

Едноставно е, треба да поставиш граници, за да имаш мир. Ако сè уште не се чувствуваш удобно кога одбиваш нечие барање, веднаш нарачај ја и прочитај ја оваа книга од Недра Гловер Таваб, една од најпопуларните експертки и психолози. Таа има нешто помалку од 2 милиони следбеници на Инстаграм. Со оваа книга ќе научиш кога треба да кажеш „не” и да поставиш „здрави граници“, а притоа да не го навредиш или повредиш соговорникот, односно оној што бара услуга од тебе. Мораме да ги усогласиме работата и приватниот живот, да излеземе на крај со токсичните луѓе и да уживаме во квалитетните односи со партнерот, пријателите и семејството.

Честит 1 мај, вредни луѓе!

Објавено на Остави коментар

Акција во „Стокомак“! Сликовници што ќе ги заспијат вашите деца

Вашето дете не сака да заспие?

🥱Сликовниците што ќе ги заспијат вашите дечиња за 10 минути од денес во продажба во сите маркети на „Стокомак“ по неверојатна цена од само 199 денари! Оваа цена важи само за време на акцијата.

⌛Децата се неуморни во нивната авантура и во нивните игри и нормално е да не сакаат да легнат да спијат. Затоа нашата препорака е да се обидете да им стекнете навика и рутина навреме да заспиваат со приказна за добра ноќ.

„Малото змејче“ и „Малата сирена“ се сликовници од едицијата „Десет минути до спиење“, преведени се на 30 јазици и продадени се преку 2 500 000 книги во светот.

Објавено на Остави коментар

ОБЈАВЕНА КНИГАТА „КОЈ Е ГЛАВЕН ДЕНЕС“ ОД НАТАША КОНЦ ЛОРЕНЦУТИ

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути. Книгата на македонски ја преведе универзитетската професорка Лидија Аризанковска, а илустрациите се на познатата словенечка илустраторка Тања Комадина. Објавувањето на ова дело е подржано од Европската Унија  и Министерството за култура,  во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Книгата за деца и млади „Кој денес главен“ е духовита и интересна приказна со преубави илустрации. Приказната ја следи Ника. Таа е најмалото девојче во семејството и едвај чека да биде главна. И тоа ќе се случи, се разбира. Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне…

Наташа Конц Лоренцути (1970) дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што и магистрирала во 2010 година. Во периодот од 1994 година до 1999 година била ангажирана како актерка во два професионални словенечки театри, а од 1999 година се посветила на литературата. Досега има објавено тринаесет книги за деца и млади и три книги за возрасни. Нејзините книги биле номинирани за наградата „Оригинална словенечка сликовница“ и наградата „Модра птица“, а исто така по двапати за наградите „Десетница“ и „Вечерница“. Нејзината проза за возрасни трипати ја освоила наградата „Женски глас“, а два пати ја освоила наградата „Младика“ во Трст. Покрај нејзината работа како писателка, десет години предавала драма во средното училиште „Нова Горица“, каде што учениците ги играат нејзините драми.

Објавено на Остави коментар

Базар на книги во „Веро центар“

Осми март е ден ЗА НЕА – за вашата мајка, сестра, баба, другарка, пријателка, колешка, сосетка, соработничка… ЗА НЕА, која заслужува да ја храни својата духовна сила. ЗА НЕА, која заслужува да има слободно време за себе, за читање. ЗА НЕА, која заслужува подарок КНИГА!

Од денес до недела, нашите издавачи се на Осмомартовски книжевен базар во „Веро Центар“. Тука сме за 8 Март, ЗА НЕА, за книга ЗА СЕКОЈА ЖЕНА!

Објавено на Остави коментар

Бараме PHP програмер за имплементација на виртуелен ПОС од Халкбанка

Бараме PHP програмер за имплементација на виртуелен ПОС од Халкбанка

Поради промените кои „Халкбанка“ ги направи во нивниот виртуелен ПОС за трансакции, на нашата веб страница, новата верзија бара промени во кодот и ќе биде потребно повторно поврзување на нашата веб страница со банката. Тие очекуваат прво да се тестира во пробна околина, а потоа да се префрлиме на продукциска околина. Од она што нè информираа од банката е дека досегашниот алгоритам hash ver1 по 15 март нема да биде поддржан и нема да можат да се прават трансакции и ќе можат да се прават трансакции само со алгоритмите ver2 и ver3.

Од банката ни ги приложија потребните документи за интеграција што можат да се користат за миграцијата. За какви било прашања, ќе ви биде доставен и имејлот за контакт за поддршка од „Пејтен“ во Турција.

Нашата веб страница е работена со популарниот модул Woocommerce во WordPress. Доколку имате искуство и исклучително високо познавање од оваа област, ве молиме пишете ни ја вашата понуда на info@batapress.mk.

Објавено на Остави коментар

„Стокомак“ акција за Осми март

Од утре во сите маркети на „Стокомак“ нашата најнова книга „Забранети задоволства“ од Елизабет Хојт по одлична цена од само 199 денари. Оваа цена важи само во маркетите на „Стокомак“ и само за време на акцијата. Книгата за времетраењето на акцијата нема да може да се купи од друго продажно место.

Ова е одлична можност навреме да обезбедите подарок за понежниот пол за Осми март.

Повеќе за книгата:

Нивните животи беа совршени сѐ додека не се запознаа.

Леди Хиро Батен е занесна млада дама што ѝ припаѓа на самата елита на аристократијата. Таа е родена сестра на војводата од Вејкфилд и ништо не ѝ недостасува. Верена е за маркизот од Мендевил, за кого смета дека е досаден и нема смисла за хумор… Ама не ѝ пречи. Сѐ додека не се сретна со братот на маркизот!

Лордот Грифин Ридинг воопшто не е совршен. Всушност тој е еден многу мистериозен тип за кого никој не знае како му поминува денот, ама затоа е општопознато дека ноќе присуствува на разновидни развратни забави… Уште кога првпат го виде, Хиро почувствува одбојност, а Грифин пак мисли дека таа со својата добротворна работа и беспрекорните манири е премногу совршена за неговиот брат. Нивното постојано надмудрување и битка со зборови се разгоруваат во незапирлива страст која се заканува како кули од карти да ги разурне нивните уредени светови.

Можат ли двата несовршени лика

да пронајдат совршена, вистинска љубов?

Ова е втората од неколкуте романтични и секси љубовни романси, што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија да ја прочитаат книгата „Опасни намери“, а при читањето на „Забранети задоволства“ ќе се потсетат на настаните и нејзините главни ликови.

„Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна сторија со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“

Буклист

Објавено на Остави коментар

Акција во „Стокомак“

Од денес во сите маркети на „Стокомак“, нашата најнова книга „Опасни намери“ од Елизабет Хојт и на ваше барање безвременската книга „Снеговите на љубовта“ од Нермин Безмен по одлична цена од само 199 денари. Оваа цена важи само во маркетите на „Стокомак“ и само за време на акцијата.

И двете книги се со првенствено романси. „Опасни намери“ е прва книга од серијата книги „Мејден лејн“ и е исполнета со неизвесни случки што навистина ќе ви го задржат вниманието, но исто така е исполнета и со страсни и еротски моменти.

„Снетовите на љубовта“ е книга што предизвика неверојатен интерес во Македонија и во светот. Напишана е од Нермин Безмен и е базирана на вистинити настани, а главниот лик Курт Сеит бил офицер во руската армија и е дедо на авторката. Долги години Нермин го истражувала животот на својот дедо и неговата силна љубов кон преубавата руска благородничка Шура. Култна книга по која беше снимена серијата што се прикажуваше кај нас и достигна неверојатна популарност.

Од корицата на „Опасни намери“

„Возбудлива, романтична, психолошка
и секси сторија за најпребирливите читателки…“
Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, одлично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство.
Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци.
Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи.
„Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
Буклист

Од корицата на „Снеговите на љубовта“

Една снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер Сеит на бал ја запознава занесната благородничка Шура. Волшебниот миг во кој погледите им се сретнуваат засекогаш ќе ја смени нивната судбина. Потполно маѓепсани еден од друг, двајцата млади знаат дека за нив никогаш не може да постои никој друг, без разлика на сѐ што ги разделува.

Од живописната Јалта на крајот на XIX век, до волшебната раскошна Москва и Цариград, оваа трогателна приказна ги следи Сеит и Шура, што во опасниот виор на историски превирања се борат само за едно – правото на своја љубов.

Првата светска војна, руската револуција, страдање, пекол… Сепак, нивните срца ќе сторат сè, за да останат посилни од татнежите на топовите.

Според безвременската и легендарна сага на Нермин Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…


Објавено на Остави коментар

ОБЈАВЕН РОМАНОТ ЗА МЛАДИ „УБОДИ“ ОД ДИАДРЕ САЛИВЕН

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат романот за млади „Убоди“ од ирската писателка Диадре Саливен. Книгата од англиски на македонски ја преведе Ацо Пероски. Објавувањето на ова дело е подржано од Министерството за култура и ЕУ,  во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во минатата и во оваа година под програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Романот „Убоди“ е трогателно сурова исповед на тинејџерка која се обидува да води нормален живот, откако преживеала злоставување во семејството,.

Главниот лик Сес, сака да завладее со уметноста на тетовирањето, да создава преубави слики на кожата. Меѓутоа, уште е премлада за тоа, а има и поважни грижи во животот. Секако најголема грижа е како да се дочека полнолетството, а да не се распадне поради страшната тајна што не може да ја сподели со никој. Тајната што го разурнува нејзиното семејство, толку страшна тајна што и нејзините најблиски се преправаат дека ништо не се случило.

Авторката Диадре Саливен е писателка за деца и поетеса. Таа е родена во Галвеј, Ирска и сега живее во Даблин. Таа има напишано повеќе книги од кои неколку биле номинирани за награди и ја освоила престижната награда „Книга на годината“ на ЦБИ.