Објавено на Остави коментар

Како „таа книгата со октоподот“ освои повеќе од милион читатели

Со октоподот како наратор, книгата на Шелби Ван Пелт, „Неверојатно бистри суштества“ има впечатлива моќ за опстанување и повторно се врати на листата најпродаваните книги – дури една и пол година по објавувањето.

Минатата година за време на празничните попусти, Бет Сефер Бас имала необично барање од купувачите во „Букмарк“, независната книжарница каде што работи во Винстон Салем, Њујорк.

„Постојано прашуваа, ја имате ли таа книгата со октоподот?“ вели таа.

Бет точно знаела на која книга мислеле: „Неверојатно бистри суштества“ на Шелби Ван Пелт, романот во кој главен лик е растегливиот, палав октопод.

Порастот на побарувачката бил неочекуван, бидејќи романот бил објавен неколку месеци порано, во текот на пролетта во 2022 година. Дури уште поизненадувачки било што продажбата продолжува да се зголемува по новогодишните празници, во текот на зимата и пролетта во 2023 година, и никогаш не почнала да опаѓа. „Таа книгата со октоподот“ беше на листата на најпродавани книги на „Букмарк“ дури и во текот на цела 2023, и побарувачката повторно се зголеми за овие новогодишни празници.

„Мислам дека нема да престане, бидејќи секој што ќе ја прочита, сака и другите луѓе да ја прочитаат“, вели Сефер Бас, која подарила два примероци на тетките за Божик. „Ова е универзална препорака. Без разлика низ каков период поминувате и во какво расположение се наоѓате, можам да ви ја ставам оваа книга в раце.“

Во непредвидливото опкружување на пазарот, каде бестселерите се создадени преку заразни „Тик Ток“ објави и премногу жанровски трендови, „Неверојатно бистри суштества“ е една од оние сè поретки успешни приказни: тивок, чудесен литературен почеток и прв роман, што е популаризиран од љубовта на книжарите во книжарниците и нивните усни препораки.

До денес, романот е продаден во повеќе од 1 400 000 примероци, што е неверојатен подвиг за прв роман во кој главниот раскажувач е октопод. Овој декември, продажбата на книгата го надмина минатогодишниот бум и романот неодамна повторно се појави на листата на најпродавани книги на „Њујорк тајмс“, во категоријата на книги во тврд повез.

Иако многу од факторите што ѝ носат зголемена побарувачка на книгата „Неверојатно бистри суштества“ се посебни, оваа патека исто така ја одразува тековната промена на бизнисот со книги, па така продажбата на постари наслови ја надминува продажбата на нови наслови. Од најпродаваните 50 книги за возрасни од областа на белетристиката во 2023 година, само 16 од нив биле објавени во 2023, додека останатите се од претходните години, според „Сиркана Букскен“, кои ја следат продажбата на печатени книги. Некои од овогодинешните најпродавани прозни романи, вклучувајќи ги „Утре и утре и утре“ на Габрел Зевин и „Лекции по хемија“ од Бони Грамус се објавени пред повеќе од година и пол, а и двата романи имаат подобри бројки од лани.

Несекојдневната сила на опстанок на „Неверојатно бистри суштества“, го изненади нејзиниот издавач „Еко“. Вообичаено, продажбата на книгите е најсилна во неделите по објавувањето, кога има експлозија од медиумско внимание и рецензии, а потоа опаѓа. Но, по кусото затишје во 2022 година, продажбата на „Неверојатно бистри суштества“ се намали, а потоа со светлосна брзина се врати на листите на најпродаваните книги во 2023 година. До денес издавачот „Еко“ има испечатено 28 изданија од книгата.

„Ги има сите примеси на органски раст“, вели Кристен Меклин, аналитичар од оваа област во „Сирјкана Букскен“.  „Се вративме на традиционалниот добар начин на усни препораки од книжарот или од пријателот“.

Ван Пелт, која е поранешна финансиска советничка, првпат идејата што се претворила во роман ја имала во 2013 година, кога одела на работилница за пишување во „Имори“ универзитетот во Атланта. Една од задачите била да напише кратка приказна од необична перспектива, и таа смислила интересен октопод на кој му е досадно и е фрустриран од неговиот ограничен простор во аквариумот. Нејзиниот учител ја тргнал настрана и ѝ предложил да изгради повеќе елементи за ликот и така таа почнала да пишува белешки за октоподот.

На почетокот, не се грижела многу за тоа што се одлучила на креативен ризик со тоа што како лик го имала многу паметниот и бистриот октопод, кој бил раскажувач и протагонист, бидејќи таа не ни помислувала дека нејзината книга некогаш ќе биде објавена. „Не размислував премногу за тоа дали е ова нешто што се продава“, вели таа, „бидејќи никогаш не помислив дека некој ќе го прочита ова“.

Таа продолжила да си поигрува со ликот и видела потенцијал можеби за роман, но сфатила дека би било претешко да се состави цела книга од перспективата на еден октопод. Потоа ја смислила Това, седумдесетгодишната вдовица со болно минато што работи како чистачка во аквариумот. Приказната се одвива во измислен град на северозападот на Пацификот, каде Ван Пелт пораснала. Това е лик базиран на мудрата баба на Ван Пелт, која била Швеѓанка.

Това развива цврста врска со Марселус, џиновскиот пацифички октопод што е во аквариумот. Во текот на раскажувањето, Това му се доверува на Марселус додека се осврнува на нејзиното минато, кое ѝ создава рана бидејќи нејзиниот син исчезнал пред неколку децении, и ја прави нејзината иднина неизвесна за жена што живее сама во подоцнежни години. Како што се продлабочува нивната врска, таа му помага на Марселус да добие малку слобода и да се извлекува од своето место секоја вечер.

Документарецот „Мојот учител октопод“ беше вистинско изненадување и цврсто го започна процесот на октоподот како симбол. Нетфликс

Ван Пелт неколку години ги пишувала одново и одново првите неколку глави, сè додека таа и нејзиниот партнер во пишувањето книги склучиле пакт да ги завршат нивните книги. Најголемиот, грубиот дел го напишала во текот на 2020 за време на пикот од пандемијата, кога била дома со нејзините деца, тогаш на четиригодишна и шестгодишна возраст.

Во ноември 2020, го испратила ракописот до неколку агенти. Една од нив, Кристин Нелсон, веднаш ѝ вратила. „Мојот помошник ме побара и ми рече: овој ракопис дојде кај мене и или е брилијантен или е чиста глупост, бидејќи внатре има октоподот што зборува“, се сеќава Нелсон.

На среќа, во одличен момент, ракописот беше испратен кај издавачите, кусо по објавувањето на познатиот документарец „Мојот учител октопод“, кој се базира на изненадувачката врска што се развива помеѓу човек и див октопод.

„Не можеше да испадне подобро од ова, дури и да се обидев да го испланирам“, вели Ван Пелт.

Кога Хелен Асма, уредничката во издавачката куќа „Еко“, го слушнала описот за книгата, била заинтересирана и по малку скептична. Таа го имала гледано „Мојот учител октопод“ и била заинтересирана за замислено претставување на умот на еден октопод, но се прашувала дали ќе добро ќе помине. „Си помислив, леле, ова ќе биде незгоден глас за да пробие“, вели таа. „Се сеќавам дека си велев себеси, или ќе биде предобро или ќе биде за никаде“.

Првата глава што почнува од перспективата на Марселус, кој се обидува да се спротивстави на заробеништвото во неговиот живот, со што Асма веднаш била придобиена. „Еко“ веднаш ги купи правата за книгата на аукција, со аванс кој содржи шест бројки, и веднаш беше позиционирана како една од најголемите дебитанти за 2022 година.

Романот имаше силен старт тој мај, со голем број нарачки од независните книжарници, „Таргет“ и „Барнс енд Нобл“. Доби уште поголема сила кога Џена Буш ја одбра во нејзиниот клуб на читатели „Читајте со Џена“, што допринесе Ван Пелт да се појави на шоуто „Тудеј“. Беше ставена на листата на „Некст лист пик“, компилација од нови книги создадена од независните книжарници, и се искачи на листата „Њујорк тајмс“, за најпродавани книги во првата недела од објавувањето. Вниманието било возбудливо но и нервозно за Ван Пелт, која дотогаш била домаќинка, мајка што не е навикната на јавни настапи.

Кусо по објавувањето, славата на книгата почна да паѓа. Романот се тргна од листата на „Њујорк тајмс“ и продажбата стагнираше за време на летото.

Неколку месеци подоцна, за време на празниците, се појави на неколку листи „најдобрите за 2022“ и побарувачката повторно се зголеми. Стана омилена во читачките клубови, и Ван Пелт имаше настани во стотици читачки клубови, книжарници и литературни фестивали. Досега оваа година се продадени повеќе од 1.1 милион примероци, трипати повеќе од 2022 година кога беа продадени 300 000 примероци.

Даниел Голдин, кој работи во „Босвел бук компани“ во Милвоки, вели дека „Неверојатно бистри суштества“ била омилена меѓу вработените и тој и неговите колеги ја препорачувале на купувачите. Но, сфати дека книгата е евергрин, кога купувачите продолжиле да доаѓаат во книжарницата и да ја бараат книгата, дури една година по објавувањето.

„Секогаш барате книга што се продава доволно добро, така што купувачите почнуваат да си ја продаваат едни на други, и тоа е она што се случи со оваа книга“, вели тој. „Понекогаш достигнува светлосна брзина.“ Продажбата на примероците во тврд повез беа толку големи што дури „Еко“ почна да размислува дали воопшто да печати со мека корица, што сега е предвидено да се направи на зима во 2025. Книжарниците очекуваат дека продажбата на „Неверојатно бистри суштества“ повторно ќе блесне штом ќе се објави книгата во мек повез и ако се направи филмска адаптација (во моментов се развива филмот во „Анонимус контент“ и „Клубхаус пикчрс“).

Во меѓувреме, Ван Пелт, која живее надвор од Чикаго, продолжи да оди се сретнува со читателите во читачките клубови. Често, кога посетува книжарница или библиотека, ѝ велат дека читателите ја викале „таа книгата со октоподот“.

„Требаше да се вика „таа книгата со октоподот“, вели Ван Пелт. “Тоа ќе беше подобар наслов.“.

Александра Алтер

„Њујорк Тајмс“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *