Најновите хитови по супер цена во маркетите на „Стокомак“!

За сите љубители на напнатите трилери и неочекуваните пресврти имаме прекрасна вест! Од утре, во сите маркети на „Стокомак“, започнува специјална акција во која ќе можете да ги набавите нашите најнови трилери по неверојатна цена од само 199 денари!

Погледнете кои наслови ве очекуваат на рафтовите:

📖 „Водичот на баба ми за убивање гадови“ – Мирна Ел-Махди

„Правдата понекогаш не доаѓа од судовите… туку од рацете на оние кои премногу долго молчеле.“

Кога во еден од елитните делови на Каиро е пронајдено безживотното тело на влијателен и моќен маж, полицијата се соочува со вистинска мистерија. На местото на злосторството нема траги од насилно влегување, ниту очигледни докази што би укажале на убиецот, освен една баба и нејзината ќерка кои тврдат дека го извршиле убиството.

Кога системот потфрла, а општеството избира да замиже перед неправдата, семејното насилство и системската репресија врз жените, правдата мора да се побара на друг начин. Зад привидната кревкост, традиционалниот изглед и мирниот секојдневен живот, се крие стратег со челична волја кој одбива да биде жртва. Започнува прецизно планирана, интелигентна и симболична пресметка со оние што го злоупотребиле своето влијание и моќ.

Ова е одличен роман за сите љубители на психолошки трилери, обоен со досетлив црн хумор, длабока општествена порака и силни женски ликови.

📖 „Заборавените девојки“ – Сара Бледел

Во шумата во околината на Копенхаген е пронајдено тело на непозната жена. Специфичната, голема лузна на лицето би требало да ѝ ја олесни идентификацијата на полицијата, но никој не го пријавил нејзиното исчезнување.

Како нова раководителка на Одделот за исчезнати лица, Луиз Рик одлучува да ја објави фотографијата на жртвата во медиумите, надевајќи се дека ќе го реши случајот. Потегот се покажува успешен: повозрасна жена во жртвата ја препознава Лисемете – девојче за кое пред многу години се грижела во државна установа за лица со ментални нарушувања. Како и сите други деца таму, семејството ја напуштило, означувајќи ја како „заборавена девојка“.

Но, вистинскиот шок доаѓа кога ќе се открие дека за Лисемете и нејзината сестра-близначка уште пред повеќе од триесет години биле издадени смртовници… Сместен во мрачен и напнат пејзаж, овој роман полн со пресврти ја потврдува Сара Бледел како едно од водечките имиња на современиот криминалистички трилер.

📢 Важни информации за акцијата:

  • 📍 Каде: Во сите маркети на „Стокомак“ низ целата земја.
  • 🏷️ Промотивна цена: 199 денари за книга.
  • ⏰ Времетраење: Цената важи исклучиво во маркетите на „Стокомак“ и само за време на траењето на акцијата (од 30.10 до 05.11)!

Остави коментар

×