Од 20.10 до 26.10, во сите маркети на „Стокомак“ нашите три најнови книги по супер цена од 199 денари. Акцијата важи само во маркетите на „Стокомак“ и на ниедно друго место. Дури ни кај нас. Цената важи само во маркетите, додека трае акцијата и додека има залиха. За оваа акција одлучивме да ви понудиме три сосем различни наслови и сите се посебни на свој начин.
- „Сите исчезнати девојки“ од Меган Миранда
Поминаа десет години откако Николет Фарел – Ник, го напушти провинциското гратче Кулеј Риџ, откако нејзината најдобра пријателка Корин исчезна без трага. Ник е верена за успешен адвокат од високите кругови во Филаделфија, успеала да изгради завидна кариера, ама враќањето во родното место
ги отвора старите рани. Средбата со некогашните пријатели и поранешниот младич Тајлер кај Ник предизвикуваат неочекувани чувства, а демоните од минатото ја гризат од внатре. Што се случило онаа кобна ноќ кога корин исчезна од забавниот парк? Николет е повторно влезена во центарот на шокантна драма, а случајот стар десет години повторно е отворен. Сега, кога исчезна уште една девојка од нивната стара дружина, Аналеис Картер, јазолот од тајни и лаги на прв поглед изгледа нерешлив, а во ноќниот кошмар Тајлер е единствено засолниште за Ник. Дали ник е невина жртва или фатална жена, останува
неизвесно до самиот крај на овој врвно напишан психолошки трилер.
„Восхитувачки психолошки трилер за девојката што мора
да се соочи со своите најмрачни стравови и да ги победи
демоните од минатото“, ВОЈА
„За сите што сакаат паметно напишана мистерија со доза на
романтика“, Bookish.com
Mеган Mиранда е американска писателка најпозната
по наградуваниот роман и Њујорк тајмс бестселер
„Сите исчезнати девојки“. Напишала и неколку романи за млади: „Фрактура“, „Хистерија“, „Одмазда“, а
поттикната од успехот на својот прв трилер, ги напиша психолошките трилери „Совршениот странец“, „Последниот гостин“, „Толку тивко место“, „Единствените
преживеани“ и „Последниот исчезнат“.
2. „Оние што си заминаа и оние што останаа“ од Паринуш Сание
Мајка! Колку моќно звучи тоа. На овој свет веројатно нема ништо посилно од мајчинството. Дури ни оние што заминале од своето родно место, во потрага по подобар и поудобен живот, далеку од своето огниште не можат да ја раскинат оваа врска. Луѓето постојано се во потрага по поубава средина, може да се каже отсекогаш и од секаде. Но, во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, Исламската револуција предизвикува неверојатен егзодус и иселување на Иранците низ светот. Речиси не останува некое градско семејство, а да не е распарчено и да нема некој од тоа семејство што не заминал од татковината. Од својот дом. Долги години живеат разделени, без можност да се видат или да бидат во некаков контакт.
Разделбата е до тој степен, што дури има браќа и сестри што не се разбираат и само варијациите на правописот од нивните презимиња е сè што останало од нивната некогашна цврста врска.
Оваа книга ја раскажува приказната за семејното обединување на мајката и нејзините шест деца со нивните сопружници по триесет години разделба. На почетокот, сите се возбудени, полни со љубов
и се запознаваат со новите членови на семејствата. Се сеќаваат на златните денови од нивното детство. Се гостат со вкусните персиски јадења по кои копнеат додека се во странство.
Но, наскоро ќе почнат да се појавуваат несогласувања за политичките и општествените прашања. Тензиите се зголемуваат и тајните ќе испливаат на површината. Оние што заминаа имаат бледи
сеќавања на убавите денови од младоста. Оние што останаа имаат замисла дека светот од другата страна е совршен. Ниту двете страни немаат вистинска претстава за животот далеку од нивните очи.
Сега останува само едно нешто што ги врзува двете страни и може да ги натера да зборуваат, да си ги кажат маките и да се обидат да се запознаат одново: Нивната Мајка.
Уште еден бестселер на Паринуш сание, авторката на светски познатите хит романи „Запишано во ѕвездите“ и „Го сокрив мојот глас“, објавени на македонски јазик во 2017 и 2018 година.
3. „Совршениот господин“ од Лорета Чејс
Примерниот!
Наследникот на грофот од Харгејт, Бенедикт Карсингтон, виконтот од Ратбурн, е совршен аристократ. Висок, црн и привлечен, познат по своите беспрекорни манири и доброто потекло. Бенедикт ги познава сите општествени правила и не му претставува никаков проблем да ги почитува – сѐ додека не се појави таа.
На лош глас.
Батшеба Вингејт е припадничка на лошата гранка на фамилијата Де Лусеј – позната по озлогласените лажговци и измамници. Не е ни чудо што токму затоа, нејзиниот маж, инаку син на благородничка фамилија, останал без наследство. Кога станала вдовица, со скромни приходи, Батшеба решила на својата ќерка да ѝ обезбеди стабилен живот и пристојно воспитување. Никој и ништо нема да ги
попречи нејзините планови – сѐ додека не се појави тој.
Совршениот!
Но, тогаш немирната ќерка на Батшеба, го привлекува бистриот внук на Бенедикт за потрага по легендарно богатство. За да ги спасат витезите-скитници, Бенедикт и Батшеба тргнуваат во спасувачка мисија што ќе ги доведе во опасна, интимна блискост. Тоа е состојба што речиси гарантира хаотична завршница – дури и скандал! – ако во неа биде вклучен кој и да е друг. Но, Бенедикт држи сѐ
под совршена контрола. Под совршена контрола и покрај неговата луда желба да ги прекрши сите правила.
Совршена контрола?
Како да не…
„Уште една возбУдлива, романтична, на моменти секси сторија.“
‒ Џулиј
Zdravo
Ne uspeav da ja kupam knigata od Stokomak na Loreta Chejs
Sovrsheniot gospodin, a sakam da ja imam i tretata kniga.
Kako mozam da ja kupam. Vi blagodaram