Компанијата „Бата прес“ како новинска агенција е основана 1992 година. Во почетоците дејноста беше широка. Во 1996 беше издадена првата книга. Оттогаш, па до 2011 година „Бата прес“ продолжи со издавање книги, претежно од афирмирани македонски автори и преводи на книги од соседството. Од 2011 година дојде до промена на организациската структура на компанијата и беше поставена новата мисија во која главен збор има издаваштвото. Инспирирани од вредноста на книгата, поставена е нова мисија, во која создаваме книги кои ја поврзуваат креативноста на авторите, со желбата за читање на неуморните љубители на книгата. Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. Од суштинско значење на Книгоиздателството е да се издаваат книги со висок квалитет. Без разлика дали се работи за белетристика, поезија или некоја документарна книга. „Бата прес“ има визионерска цел да создаде стандард на книгите еднаков на стандардите на најуспешните светски издавачки куќи. Основач и главен уредник на „Бата прес“ од нејзиното основање е Ненад Баткоски. Главен менаџер на компанијата е Филип Баткоски.