Сложенките во македонските црковнословенски текстови

300 ден

Категорија Ознака:

Опис

Првите преведувачи на кои им била доделена мисијата за создавање на писмениот јазик на Словените биле соочени со неопходноста да креираат јазик со кој требало да се задоволи многу повисоко и побогато ниво на изразување во однос на народниот јазик. Сложенките биле создавани заради потребата да се именуваат апстрактните поими што се употребувале во текстовите со религиозен карактер, и коишто имале статус на висок книжевен израз. при преведувањето се прибегнувало и кон многу покреативна постапка, при што се искористувале веќе постоечките зборообразувачки средства во народниот јазик. Всушност не се пристапувало кон директно позајмување, туку врз основа на веќе постоечкиот модел од туѓиот јазик се создавале калки.

Богатството на ексцерпираниот материјал од картотеката при Одделението за историја во ,,Институтот за македонски јазик“, во која покрај библиски се затапени и небиблиски прозни жанрови како што се Коментарот кон псалтирот, Житијата од прологот, Поучните слова на Ефрем Сирин од паренезисот и Словата на Јован Дамаскин отвораат нови можности за дефинирање на јазичниот израз во македонските црковнословенски текстови. Проучувањето на сложенките покажа дека во црковнословенскиот период постои сремеж за нивна поинтензивна употреба во рамките на јазичните средства со кои се збогатува лексичкиот фонд.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Сложенките во македонските црковнословенски текстови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *