Опис
Дворецот памети сѐ. Од позиција на надмен аристократ што гo презира плебсот и немилосрден опортунист на кој му импонирало кога дошол во цврстите нацистички раце, јунакот на Томан, иронично, елегантно и духовито ги бележи клучните случувања во чешката историја од XVII до XX век. Се чувствува како Италијанец што се нашол во мала словенска земја со народ чиј што карактер никако не може да го разбере и чиј што јазик не му се допаѓа, бидејќи „нема ниту мелодија ниту стил“. Тој е професионалец осуден да живее меѓу луѓе што не разбираат дека за мала земја е подобро да биде под закрила на големи империи. Централна тема е мистериозната смрт на прозападниот шеф на дипломатијата Јан Масарик, „министерот со тажни очи“, што починал по пад од прозорец во дворецот Чернин во бурните денови по комунистичкиот преврат во 1948 година. Во заднината е и љубовната приказна за неговата врска со Американката Марсија Девенпорт, нешто што никако не било прифатливо за новата „црвена“ власт . Оваа историска документарна хроника, преполна со хумор, сатира и самоиронија е уште една потврда за високите вредности на чешката литература и култура!
Критики
Нема критики сеуште.