Нултиот час

500 ден

Нема на залиха

Категорија Ознака:

Опис

Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случило?

Во романот се испреплетени три силни женски портрети во текот на дваесеттиот век. Хедвиг која се бори со својата вина, Ингрид со својот сомнеж и Иса – со својот голем гнев.
Берлин 1945 година: Писателката Хедвиг Лохман е на пат да ги напушти урнатините во метрополата упатувајќи се кон еден манастир. Неколку години претходно нејзината ќерка поминала низ пеколно патешествие. Каде се наоѓа сега, и дали ја преживеала војната?
Остров кај Стокхолм – Блидхолмен 2004 година: Ингрид ја напуштила својата дејност како психотерапевт и се преселила на малиот остров за да го негува својот маж свештеник кој има Паркинсонова болест. Но на островот живее и Хана, писателка која на незабележителен начин се вовлекла меѓу сопружниците внесувајќи конфузија во нивниот живот.
Упсала во 1983 година: Иса ја сече на парчиња својата кукла и потоа оди на психотерапевтски сеанси. Еден ден решава да направи Голема терапевтска игра. Ако по фрлањето на коцката се добие погрешно поле се запаѓа во Хаосот, но постои начин да се поправи светот.
„Нултиот час“ симболично го означува крајот на војната, но и човечкото искуство да се застане и да се направи обид за излегување од сопствените руини, од целосниот хаос во кој сите ситуации низ кои минуваат главните ликови би можеле да се опишат како апсолутно дно – но истовремено можеби почнува да ׳рти ново семе.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Нултиот час”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *