Маѓепсана училница

300 ден

Опис

Во сосема вообичаено училиште, во едно сосема вообичаено одделение, доаѓаат три необични ученици. Наставата одеднаш стана интересна, а часовите и лекциите се толку забавни што можат да се совладаат со леснотија – и тоа низ игра. Од сè што ова одделение ќе научи, најважната лекција е дека низ пријателството и запознавањето со различните луѓе, нашиот свет станува богат и волшебен.
„Маѓепсана училница“ е најпознатото дело на славната чешка писателка за деца Ивона Бжезинова.
Оваа книга ги доби наградите „Магнезија литера“ во 2002 година и „IBBY“ во 2004.
Овој роман е дел од европската програма Barfie (Книги за интеркултурна едукација), чија цел е да промовираат книги што развиваат толеранција и интеркултурен дијалог. Во Маѓепсана училнициа се зборува за три ромски деца што често менуваат училишта, следејќи ги своите родители, кои се магионичари што патуваат. Затоа нивното образование не е на завидно ниво – не може да се каже дека течно читаат и пишуваат, а ниту математиката не им оди од рака. Децата наидуваат на безброј предрасуди и поради тоа паѓаат во неволји. Меѓутоа, благодарејќи на магичните моќи, успеваат да докажат дека тоа што не се добри ученици, не значи дека не се добри другари и паметни, чесни луѓе.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Маѓепсана училница”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *