Огледала

299 ден

Категорија Ознака:

Опис

Огледала е едно од најнеобичните дела на нобеловецот Нагиб Махфуз. Прво било објавено како серијал во списание на националната египетска телевизија, и се состоела од различни описи на ликови (вињети) од животот на писателот. Повеќе од ликовите на кои им е посветен дел од хрониката се главни ликови и во неговите романи.
Преку секоја вињета – без разлика дали е долгогодишен пријател на писателот, понекогаш противник, другар или симпатија од детството – не само што самите ликови се опишани, акцент е ставен на други ликови што веќе се сретнати или што ќе се сретнат понатаму во книгата. Исто така има и описи за самиот наратор, кој што го запознаваме преку искажувањата ‒ огледалата на неговите познаници.
Во исто време, Огледала ги рефлектира политичките движења во Египет, блиското минато, лидерите, војните, мирот и сите работи што влијаат на животите на пријателите и противниците на нараторот.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Огледала”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *