Опис
Тоа е некоја друга Франција. Заборавена долина на исток, напуштена фабрика и згаснати високи печки, матно езеро и топло, врело попладне. Август, 1992 година. Антони има четиринаесет години и со својата братучетка, од чиста досада, одлучува да украде кану и да видат што се случува на нудистичката плажа на спротивниот брег. На крајот од тоа кратко патување го чекаат првата љубов и првиот сексуален чин. По тие завеслувања започнува и се обликува драмата на неговиот живот.
Во романот за кој во 2018 година му е доделена престижната награда „Гонкур“, авторот, Никола Матје, е дрзок и брилијантен додека го отсликува периодот на адолесценција и суптилен додека го следи животното и политичкото стасување на генерацијата која се обидува да го пронајде сопствениот пат во светот што го добила во наследство.
Четири лета и четири преломни моменти во животите на неговите јунаци, секој со својата бучава и гнев, музика и надежи – за Матје се доволни да се создаде еден развиорен книжевен универзум. Од „Smells Like Teen Spirit“ до Светското првенство и фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Хрватска – пред нас се нижат љубови и страсти, стравувања и копнежи, животи што се живеат далеку од францускиот и европскиот сон.
Децата нивни по нив, од Никола Матје зборува за луѓето фатени во мрежата на глобализација, за семејствата што се заглавени меѓу носталгијата и пропаѓањето, за личностите распнати меѓу пристојноста и гневот, животност и сензуалност. Емпатијата и раскажувачка сила на овој роман ќе ве остават без здив.
„Длабоко доживеано… исклучителен портрет на младоста.“
– Ириш тајмс
„Лесно е да се разбере зошто овој роман, кој стига во вистинско време и ја содржи тајната историја на актуелниот политички момент, наидува на вакви пофалби од критиката… Не можев да ја оставам оваа книга. Не сакав да заврши.“
– Њујорк тајмс бук ривју
„И децата нивни по нив е смел роман полн со секс и насилство, што успева да остане нежен и на некој чуден начин дури создава и надеж.“
– Киркус ривју
„Величествен роман. Луциден, прониклив и радосен.“
– Франс инфо
Критики
Нема критики сеуште.