Опис
Делото пред нас содржи есеи од три засебни книги кои
првично се објавени на арапски јазик, поточно За културата и образованието (1990); За религијата и демократијата (1990); и За младината и слободата (1990). Тие
ги претставуваат првите збирки на кратки колумни на
Махфуз за секојдневните афери за египетскиот весник,
Ал Ахрам, дневен весник и неделник. Колумните се
објавувале под наслов „виџхат назар“ или „гледна точка“. Книгата го има задржано хронолошкиот редослед на
есеите, за разлика од арапските изданија кои се обиделе
да прикажат три долги тематски групирања како што се
гледа и од насловите, ама затоа пак хронолошки се прикажани тука. Оваа книга не ги содржи сите есеи во претходно споменатите три книги, бидејќи е ограничена на
годините на Садат, кога Махфуз започнал да ја пишува
неговата колумна во 1974 година и престанал на крајот
од 1981 година, кога Садат бил убиен. Остатокот од есеите се појавуваат хронолошки во идните изданија од овие
серии од научно стручните пишувања.
Рашид Ел-Енани
Критики
Нема критики сеуште.