Дервишката порта

430 ден

Опис

„Дервишката порта“ е повеќе од обичен трилер. Таа е книга за мистериозната порта. Тајната за страста што се протега преку седум века: пламенот што го разгореа Руми и Тебризи.
Тајната за злосторството, старо седумстотини години: убиството на Тебризи.
Богатиот и слоевит јазик што авторот Ахмет Умит го употребува во романот – комбиниран со современи елементи и имагинацијата – е во целосна хармонија додека ги поставува интригантните загатки за религијата и верувањата на суфизмот. Со нова и свежа перспектива, тој го открива односот меѓу луѓето и религијата, страста и верата, дилеми што денес сè уште се реални исто колку што биле реални и пред седумстотини години…
„Имаше крв на каменот, полна месечина на небото, мирис на земја во градината. Дрвјата лебдеа во морничава свежина. Време беше да се намножат зимските рози, да се обноват нарцисите. Седум луѓе влегоа во градината… Седум лути срца, седум умови заробени од омраза, седум остри ножеви. Седум проколнати мажи делејќи ја тишината на градината на седум дела, одеа до дрвената порта зад која се наоѓаше нивната жртва.“

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Дервишката порта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *