Опис
Си била некогаш една, не толку далечна, иднина. И во неа тинејџерката Саха, со надареност што мора да ја крие. Дарба што може да спаси еден живот и да спои два света. Во едниот свет не ја сакаат, а во другиот може да биде сакана. Тетката што ја воспитува не слуша во времето во кое само многу ретки луѓе зборуваат со јазикот на глувонемите, а Саха не плива таму каде што сите пливаат.
Возбудлива и емотивна сторија за неприфаќање, несоодветност и желба да се истрае во својата различност. И приказна за искрено пријателство, за доверувањето на најголемите тајни, за почитувањето и восхитувањето.
Начините на кои што Саха се соочува со врсничкото насилство можат да бидат патоказ за сите тинејџери во слична позиција. Начинот на доживување на сопствената различност, исто така. Истовремено со овој аспект, ова е можна слика за идниот свет. Ако не внимаваме во чувањето на планетата. И ако научниците премногу си играат со нивната моќ.
Критики
Нема критики сеуште.