Теодосиј Малиот

500 ден

Категорија Ознака:

Опис

„Најнеобичен детаљ во фантастичното кралство на Теодосиј Малиот е името на неговиот главен град ‒ Букурешт. Од тоа не е тешко да се заклучи дека целото кралство, различните поделби меѓу неговото население, како и борбите за власт што внатре се одигруваат, треба да се читаат како Романија вчера, денес, а можеби и утре. Проблемот е што за подобро да се сфатат поврзувањата со Романија би требало добро да се познава нејзината историска и сегашна состојба. За жал кај мене не е тоа случај. Без можност за подлабока интерпретација и повлекување паралели со реалноста, ми преостана романот на Радулеску да го читам како фантастична сторија што е доста забавна. Пишуван со едноставен и сосема јасен јазик, романот има некои експериментални моменти, како оние во кои ликовите на компјутерот на авторот отвораат фајлови со наредните поглавја. Тоа експериментирање е многу интересно и ми се наметнуваше низ целиот роман (верувам поради спомнатото недоволно познавање на Романија некогаш и сега) и секој пат не успевав да најдам одговор…“

Дарио Малиќ, хрватски книжевен критичар

Комплетна сатира. ликовите се како во научно-фантастичните филмови. Има големи случувања ‒ предавства, шпионирање, војна, револуција, љубов ‒ и сето тоа меѓу ситни суштества… Мрави, риби, мачкокуче, змеј. Така е најдобро и да се чита и разбере. Како филмска сторија!

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Теодосиј Малиот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *