Среќа за почетници

430 ден

Опис

КНИГАТА ПО КОЈА Е СНИМЕН ИСТОИМЕНИОТ
ФИЛМ НА „НЕТФЛИКС“
Хелен Карпентер не може да се пронајде себеси. Тукушто раз-
ведена, на триесет и две години, нејзиниот живот се распадна
толку многу, што таа не може да го состави. Така, кога нејзиниот
досаден брат Данкан, ќе ја убеди да се пријави на брутален курс
за техники за преживување во дивината на Вајоминг, таа се наде-
ва дека тоа е токму она што ѝ треба.
Наместо тоа, испаѓа дека е катастрофа. Не е ништо од она
што го сакаше, очекуваше или се надеваше. На пример, таа не ги
предвиде ненадејните летни бури, ниту плускавците, ниту буч-
ните елени. И се разбира, никако не предвиде дека токму на овој
курс ќе се пријави Џејк, уште подосадниот, најдобар другар на
нејзиниот брат – и дека ќе ја дефокусира, ќе ја извади од такт и
дека… ќе ја бакне.
Но, се чини дека понекогаш катастрофите можат да ве научат
на оние работи што навистина треба да ги научите. На пример,
како да продолжите понатаму, дури и кога мислите дека не може-
те. Како стравот може да ве направи похрабри. И како понекогаш
ако навистина, ама навистина се изгубите, тоа е вашата един-
ствена надеж за да се пронајдете себе си.
„Среќа за почетници“ на Кетрин Сентер е книга што ќе ви го
затопли срцето, ќе ве навлече и ќе останете будни цела ноќ за да
сфатите како да се средите. Ова е приказна што ќе ве научи како
мачењето ве прави посилни. Зошто љубовта е секогаш значајна. И
дека колку повеќе добри нешта барате, толку повеќе ќе најдете.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Среќа за почетници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *