Плоштад на ослободувањето

430 ден

Опис

Сторијата за младиот пар е само фрагмент во мозаикот за оние возбудливи времиња кога барем за момент се чинеше дека сѐ е можно. Чувствителниот наратор е сведок на метежот и вревата од деценијата во која се случи десетдневната војна во Словенија, радикалните промени во политичкиот систем и етичките норми, како и во трансформацијата на некогашните високи идеали во нивните спротивности.

Во овој роман објавен во 2021 година, кога е јубилејот од словенечкото осамостојување, авторот Андреј Блатник со проникливи опсервации и анегдоти ја открива сложеноста на преминот од времето на соништата и идеалите кон реалниот терен на слободниот пазар на стоки и вредности. Семејните и социјалните врски пукаат под притисок, истите луѓе се среќаваат во нови состојби и секое лице го поставува истото, неискажано прашање: по толку многу трансформации, вклучително и социјални, дали остана доволно заедништво за да има среќен крај на приказната?

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Плоштад на ослободувањето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *