Палатата на желбата

430 ден

Опис

„Палатата на желбата“ е вториот роман од каирската трилогија на нобеловецот Нагиб Махфуз. Ова е епска, фамилијарна сага за колонизираниот Египет и светските книжевни критичари го сметаат за ремек-дело.
Романите во каирската трилогија ги следат трите генерации на фамилијата на тиранинот и патријархален лик Ахмад Абд ал Џавад кој е на чело на фамилијата и е многу строг, додека на страна живее таен живот исполнет со задоволства. Махфуз во „Палатата на желбата“ ни ги опишува неговите бунтовни деца кои се борат да живеат надвор од доминацијата на Ахмад Абд ал Џавад, бидејќи светот околу нив се отвора за модерниот живот и за политичките и домашните превирања што во Египет ги донесоа дваесеттите години на минатиот век. Исполнета со неизвесна драма, хумор и извонредна проникливост, каирската трилогија е уште едно маестрално дело на Махфуз и негово врвно достигнување како раскажувач.

 

Нагиб Махфуз е роден на 11 декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Палатата на желбата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *