Опис
Несудениот свештеник Феликс Ардевол ги користи своите врски во Ватикан за да стигне до вреден нацистички плен, виолината Сториони од 1764 година. Многу години подоцна неговиот син Адрија се сеќава на темниот стан преполн со антиквитети во кој како дете, со фигуричките на шерифот Карсон и индијанскиот поглавица Црн Орел, се криеше зад фотелјата обидувајќи се да ги сфати тајните на таткото. И по педесет години, го мачи вина затоа што ја знаеше комбинацијата за отворање на сефот и виолината му ја позајми на својот пријател Бернат и така предизвика фатална забуна. Меѓутоа скапоцениот инструмент не беше несреќа само за таткото и синот Ардевол – овој инструмент имаше многу возбудлива историја, а луѓето на кои им минал низ рацете, од барокниот композитор Жан Мари Леклер до виолинистката, Еврејката, Берта, на различни начини станале заложници на судбината на виолината.
Романот Исповед е фасцинантно дело на славниот современ каталонски писател Жауме Кабре. Преведено е на повеќе од 20 јазици и има добиено повеќе каталонски и меѓународни награди. Испреплетувајќи разновидни интригантни стории во роман што посакувате да го прочитате во еден здив, Кабре се докажал како брилијантен раскажувач и го зацврсти своето место во врвот на современата европска книжевност.
„Роман над романите“
Мартин Шулц
„Кабре извонредно прикажува различни епохи и ликови, мајсторски преминувајќи од една во друга, дури и среде реченицата.“
Гардијан
„Исповед е раскошен, величествен, амбициозен, залудувачки, брилијантен предизвик во кој мора да бидете стрпливи. Сфаќам дека критичарите не смеат да покажуваат премногу восхит, ама оваа книга е блиску до совршенството“.”
www.texasbooklover.com
Критики
Нема критики сеуште.