Доцна вечера за госпоѓа Фиби

200 ден

Опис

ДЕВЕТТЕ ЖИВОТИ НА МАЧИЊАТА
Каков е светот виден со очите на едно маче и на едно мачорче? Можат ли животите на мачињата да нѐ поместат? Како прв од деветте животи пред нас се укажува носталгичната приказна за мачешкиот живот во селото и во градот, како онаа во познатата книга за Галебот.

„Прво Настасја доведе дома маче. Фибислав. Не бев воодушевен, ама немав избор. Што да правиш со мачето, сигурно нема да го фрлиш? Потоа, по некое време, Фибислав рече „мјау“, а Настасја ми рече дека бара да биде нацртан. И тој и неговиот живот. „Ќерко“, реков, „не ми е грижа, цртај го колку сакаш, барем тоа е без пари“! Е сега, Фибислав потоа пак рече „мјау“ и мислев дека бара уште три цртежи што би било ОК, ама Настасја ладнокрвно ми соопшти дека мачорчето сега бара и приказна. За својот живот. Како ли се пишува биографија за маче, се прашував… а Фибислав рече „мјау“. Веднаш бев известен и сериозно предупреден дека тоа значи „напиши ја само вистината, ништо не измислувај“. И, еве ја приказната: ништо во неа не е измислено и ништо не е случајно…“ Авторот.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Доцна вечера за госпоѓа Фиби”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *