Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9
ОГА МАСКИРАНИОТ МАЖ…
Пред дваесет години Максимус Батен беше сведок на немилосрдното
убиство на своите родители. Сега познат како војводата од Вејкфилд,
деновите ги поминува занимавајќи се со политика во парламентот, но
навечер се преправа во Духот од Сент Џајлс и лута по мрачните улички
во потрага по убиецот. Една ноќ се сретнува со една жестока жена што
силно ќе му се спротивстави, и што не сака никако да се повлече…
ЌЕ СРЕТНЕ РАМНОПРАВНА ПРОТИВНИЧКА…
Артемис Грејвс е придружничка на грофицата, но под вообичаениот
фустан од кафеав серж се крие срце на ловец. Кога Духот од Сент Џајлс
ќе ја спаси од разбојниците, таа во него ќе препознае сродна душа и се
буди љубопитност во неа. Кога ќе сфати кој е всушност озлогласениот
Дух, таа станува уште пољубопитна…
ЖЕЛБАТА ПОТТИКНУВА ОПАСНА СТРАСТ…
Артемис повлекува одлучен потег: бара од Максимус да го искористи
целото свое влијание и да го ослободи нејзиниот затворен брат или ќе
разоткрие кој е Духот. Но, уценувањето на моќниот војвода носи со себе
голем ризик. Сега, кога го фати тигарот за опашката, ќе може ли да ги
издржи неговата лутина и бес или дали ќе може да одолее на
искушението да не западне во неговата топла и силна прегратка?
| Тежина | 0.3 кг |
|---|---|
| Димензии | 21 × 14 × 20.5 cm |
| ИСБН | 978-608-253-330-8 |
| Корица | мека |
| Година на објавување | 2026 |
| Превод | Симона Баткоска |
| Број на страници | 304 |
Елизабет Хојт е уметничкиот псевдоним на Ненси М. Фини. Нејзините романи повеќепати биле на листата на најпродавани историски романси на Њујорк тајмс. Ненси, исто така, пишува современи романси под името Џулија Харпер. Со сопругот и двете деца живее во Илиноис. Има богата библиографија, а подолу се претставени насловите од серијата книги Мејден лејн:
Опасни намери (август 2010)
Забранети задоволства (февруари 2011)
Скандалозни страсти (октомври 2011)
Крадецот на сенки (јули 2012)
Господарот на темнината (февруари 2013)
Војводата од полноќ (октомври 2013)
Мил ѕвер (есен 2014)
Чувар на срцето (мај 2015)
Најслаткиот подлец (ноември 2015)
Војводата на гревот (мај 2016)
Војводата на задоволството (ноември 2016 година)
Војводата од желбата (октомври 2017)
Некогаш една месечева ноќ (новела) (јули 2016)
Еднаш на Мејден Лејн (новела) (ноември 2017)
Еднаш беше Бадник (новела) (декември 2017)
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.