Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

Родена сум на 4.10.1950 година во с. Плоча, Босилеградско, Република Србија, поточно под планината Бесна Кобила. Осмолетка завршив во с. Плоча и с. Горна Љубата, а гимназија, природно-математичка насока, завршив во Босилеград.
Потекнувам од скромно земјоделско и печалбарско семејство. Уште како мала приликите налагаа да помагам во семејните работи, се разбира, според возраста. Одраснав со голема љубов и грижа на моите родители, заедно со мојот постар брат.
Студирав во Скопје на Природно-математичкиот факултет и дипломирав на Групата за применета хемија, при што се стекнав со звањето дипломиран инженер по хемија.
Работниот век го поминав во АД Адинг на разни позиции во Институтот за контрола и истражување, а завршив како менаџер за екологија.
Се омажив во Скопје за љубовта од студии Васил Дрвошанов. Имаме син Стефан, дипломиран инженер по електроника и телекомуникации и ќерка Тања, магистер по економски науки. Имаме тројца внуци – Матеј, Василиј и Михаил и една внукичка Марија.
Целиот живот се трудев здраво да живеам во рамките на можностите, а особено за моето семејство. Но, условите и можностите тоа не го дозволуваа секогаш. Едуцирајќи се во врска со здравиот начин на живот преку литературата и јавните гласила за најновите медицински достигнувања, нутриционистичките препораки и еколошките фактори, дојдов до идеја сознанијата да ги пренесам на пошироката популација за нивна корист. Така настана оваа мала книга ЗДРАВ ЖИВОТ.
| Тежина | 0.3 кг |
|---|---|
| Димензии | 21 × 14 × 2 cm |
| ИСБН | 978-608-253-345-2 |
| Корица | мека |
| Година на објавување | 2026 |
| Број на страници | 120 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.