Харафиш

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

Во „Харафиш“, Нагиб Махфуз се враќа на стилот на опширното раскажување во кое веќе се докажа дека е мајстор. Тој ја прикажува драматичната историја на семејството Наги ‒ семејство што пропаѓа, низ многуте генерации, од височините на моќта и престижот до длабочините на пропаѓањето и уништувањето. Оваа епска приказна започнува со приказната за Ашур ал-Наги, човек од сиромашно потекло што прераснува во голем водич и легенда меѓу своите луѓе. Името на Ашур е олицетворение на времето на слава на харафишот, односно на обичните луѓе, кога тие биле под водство на човек од нивниот сталеж. Сепак, една генерација по друга, потомците на Ашур се оддалечувале од легендарниот пример што им го давал тој. Тие го изгубиле контактот со своите корени додека се збогатувале, а потоа и губеле огромни богатства, земале проститутки за сопруги, ако воопшто се женеле, и развивале ривалства што завршувале со смрт. На крајот, се појавува член на семејството Наги што го враќа добриот глас на семејството, онаков каков што бил некогаш.

„Харафиш“ е митска приказна, портрет што привлекува и ги опишува слабоста на човекот – гордоста, нечесноста, страста и алчноста – и големината со која ние сме способни да ги надминеме нив.

Дополнителни информации

Димензии 20 × 140 × 205 cm
Страници

400

Повез

мек

Формат

140х205

Година на објавување

2024

Писател

Роберт Стендиш

Авторот Роберт Стендиш, (1898 – 1981) (анг. Robert Standish), чие што вистинско име е Дигби Џорџ Герати е англиски романсиер и автор на кратки раскази.

Најпознат му е историскиот љубовен роман „Патеката на слоновите“ објавен во 1948 година, според кој во 1954 година е снимен истоимениот филм во 1954 година, со Елизабет Тејлор, Питер Финч и Дејна Ејндруз во главните улоги и во режија на Вилијам Дитерле.

Стендиш долга низа години живеел во Азија и затоа неговите романи се инспирирани од тие предели

Покрај „Патеката на слоновите“, ги објавил и романите „Три бамбуси“, „Бонин“, „Малиот генерал“, „Бездната на времето“ и други.

За време на Првата светска војна служел во Кралските воздухопловни сили на Велика Британија, а потоа бил дописник на агенцијата Ројтерс од Јапонија, Кина и Сибир.

Починал во неговиот дом во Валбон, на Азурниот Брег, во Јужна Франција, во 1981 година.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Вие исто така би сакале…