Опис
Харпер Бишоп води фарма за згрижување на злоставувани животни и се грижи за англискиот полнокрвен коњ – Феникс. Нејзина голема желба е да го воведе во светот на коњските трки и со него да ја освои Тројната круна. Но, може ли тоа да се постигне без искуство и стручна помош?
По горкото предавство во родната Ирска, тренерот на коњи Ајдан О’Конор дојде во Америка во потрага по нов почеток. Кога го виде Феникс знаеше што ќе прави. Ама не очекуваше дека ќе развие длабоки чувства кон Харпер.
Тој привлечен нов гостин во фамилијарниот пансион на Харпер има сѐ што е потребно за остварување на нејзиниот сон, ама неговата топла насмевка и нежниот допир ѝ го одвлекуваат вниманието. Како да му го отвори срцето на човек што ќе се задржи толку кратко и што на крајот ќе го скрши?
Харпер и Ајдан се обидуваат да задржат професионален однос и да се фокусираат на заедничката цел – тренирање на Феникс. Но, патем, сепак ќе мора да научат неколку лекции за љубовта, довербата и ризикот.
Ама дали ќе мора да научат да кажат збогум?
„Овој роман е многу повеќе од обична романтична приказна.“
Romance Junkies
„За забавно четиво набиено со сензуалност не барајте подалеку од Џенифер Пробст!“
Jill Shalvis
Критики
Нема критики сеуште.