Последниот гостин

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!
SKU: 64548357 Категории , , Ознака:

Малото гратче Литлпорт во Мејн отсекогаш изгледало како два одвоени града – беше идеално летно одморалиште за богати – со летниковци покрај брегот, додека во пристаништето живееше мала заедница на овдешните жители што се занимаваат со туризам.
Меѓу овдешните жители и посетителите ретко се развиваа блиски пријателства, ама токму тоа ѝ се случи на младата богата девојка Сејди Ломан и на тинејџерката Ејвори Грир. Секое лето, речиси цела деценија, девојките беа неразделни – сѐ додека една ноќ Сејди не беше пронајдена мртва. Полицијата ја прогласува нејзината смрт за самоубиство, ама Ејвори ја мачи чувството дека многу прашања останале неразјаснети. Една година подоцна Ејвори дознава дека некои луѓе не ѝ ја откриле вистината на полицијата, па решава да открие што всушност се случило таа злокобна ноќ во која умрела Сејди…
„Во мајсторскиот трилер со страшна напнатост, на никој не може да му се верува. Овој мистериозен роман на Меган Миранда е брз како молња, полн со опасности и неочекувани пресврти и промени, кои читателот ќе го држат во постојана неизвесност.“
– МЕРИ КУБИКА
„Жестокиот трилер сместен во идиличното гратче ја истражува целата комплексност на женското пријателство. Јасно разработените ликови го надградуваат дејството и ја подигаат напнатоста што читателот ќе го обземе како водена буица.“
– ПАБЛИШЕР ВИКЛИ

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-278-3

Корица

мека

Наслов на оригиналот

The last house guest / Megan Miranda

Година на објавување

2024

Превод

Ненад Баткоски

Број на страници

310

Писател

Меган Миранда

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Вие исто така би сакале…

×