Патеката на слоновите

(1 коментар на читател)

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

Рут е преубава млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија. Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење. Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај. Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи. По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци

Дополнителни информации

Тежина 0.3 кг
Димензии 2 × 14 × 20 cm
ИСБН

978-608-253-273-8

Оригинален наслов

Elephant walk / Robert Standish

Преведувач

Елена Маџоска-Шикоска

Број на страници

319

Повез

мек

Година на објавување

2024

Писател

Роберт Стендиш

Авторот Роберт Стендиш, (1898 – 1981) (анг. Robert Standish), чие што вистинско име е Дигби Џорџ Герати е англиски романсиер и автор на кратки раскази.

Најпознат му е историскиот љубовен роман „Патеката на слоновите“ објавен во 1948 година, според кој во 1954 година е снимен истоимениот филм во 1954 година, со Елизабет Тејлор, Питер Финч и Дејна Ејндруз во главните улоги и во режија на Вилијам Дитерле.

Стендиш долга низа години живеел во Азија и затоа неговите романи се инспирирани од тие предели

Покрај „Патеката на слоновите“, ги објавил и романите „Три бамбуси“, „Бонин“, „Малиот генерал“, „Бездната на времето“ и други.

За време на Првата светска војна служел во Кралските воздухопловни сили на Велика Британија, а потоа бил дописник на агенцијата Ројтерс од Јапонија, Кина и Сибир.

Починал во неговиот дом во Валбон, на Азурниот Брег, во Јужна Франција, во 1981 година.

1 преглед за Патеката на слоновите

  1. administrator

    Уште една проба

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.