Не само за Божик

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

КУЧИЊА…

БОЖИК…

ДВАЈЦА ПРЕУБАВИ МАЖИ…

УРНЕБЕСНИ НАСТАНИ…

ГЛАВНИОТ ЛИК ШТО НЕ ГО САКА НИ БОЖИК НИ КУЧИЊАТА, АМА МОРА ДА ГИ НАУЧИ ДА ГИ ЗАСАКА…

Чарли ја мрази фамата околу Божик, а, по сѐ изгледа, овој ќе биде најлош. Младичот ја остави пред неколку недели, во станот над неа се случи експлозија на плин поради која беше повредена, а нејзината мајка живее во Мелбурн со петтиот маж. Без младич, на боледување и привремено без покрив над глава, Чарли без да сака ќе се согласи да ги помине празниците во Девон, во Кучешкото катче, пансион за кучиња што го држи Џез, нејзината братучетка од вујко. Иако изгледаше како добар план, далеку од божиќната грозница во Лондон, перспективата за мирно опкружување на село каква што се посакува почнува да бледее кога ќе ги запознае Саб, Хулк, Малком, Хјуго, божествениот (ама зафатен сопственик на Малком) и Кал, неспорно привлечен, ама неподносливо намуртен и повлечен локален ветеринар.

„Фантастично бегство во светот на романтиката!“

Heat

„Ова е вистински десерт. Ќе се смеете на глас, ќе ве трогне романтичната приказна, а малку и ќе се изненадите на самиот почеток. Што уште да очекувате од весела книга што се чита за празници?“

Netgalley. Co. Uk.

„Една зборлеста триесетгодишна девојка, еден мрзлив, ама згоден ветеринар, еден шармантен и неодолив сопственик на данска дога и ете го сјајниот романтично-комичен триаголник што е во заговор против Божик.“

– juliakellywrites.com

Дополнителни информации

Тежина 0.3 кг
Димензии 2 × 14 × 20 cm
ИСБН

978-608-253-286-8

Оригинален наслов

Not just for Christmas / Natalie Cox

Број на страници

280

Преведувач

Симона Баткоска

Повез

Мек

Година на објавување

2024

Писател

Натали Кокс

Натали Кокс е доживотен фан на романтични комедии и кучиња, а оваа книга ја напиша наслушувајќи го дишењето на својата стара чоколадна лабрадорка. Тие двете го освоија второто место на натпреварот на најслични кучиња со своите сопственици на локалниот панаѓур – не го понесоа трофејот само затоа што немаа исти алки. За жал, истиот ден кога Натали доби понуда од издавачот за оваа книга, нејзината кучешка муза се пресели во оној величествен парк на небото. Потоа усвои кученце данска дога, што е жив доказ дека, иако умот царува, силата движи. Натали го минува своето време меѓу Брекон Биконс во Велс и Лондон.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.