Мудроста на Куфу

(1 коментар на читател)

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

Фараонот Куфу се бори против Судбините. Се работи за наследството на тронот на Египет, горделивото, сепак нежно срце на прекрасната ќерка на Куфу, принцезата Мересанк, и наследството на Куфу како мудрец, а не дивјак.

Како што почнува приказната, на Куфу му е здодевно во неговата Голема палата во Мемфис. За да го забавува со нешто, неговиот архитект Мирабу му објаснува за своето моќно ремек-дело за кое му биле потребни десет години до тој момент, а се гледал само еден мал дел што излегувал од земјата, а тоа всушност требало да израсне во Големата пирамида во Гиза. Мирабу и паметниот везир Хемиуну го искушувале и со други забави – но без успех. Тогаш еден од синовите на кралот довел еден волшебник што имал моќ да ја предвидува иднината. Волшебникот рекол дека негов директен потомок нема да го наследи тронот на Египет по него, туку дека тронот на негово место ќе го наследи синот што се родил тоа исто утро, синот на Високиот свештеник на Ра. Бесен, Куфу и неговиот престолонаследник, безмилосниот Кафра, тргнуваат во мисија да ја изменат намерата на Судбините – кои го возвраќаат ударот во облик на Џедефра, момчето што е во центарот на пророштвото, и желбата на неговото срце, принцезата Мересанк. Сепак, дали несудениот Куфу ќе ја преживее интригата што се одвива околу него – не само за да ја заврши својата долго очекувана книга на мудроста туку и да стане вистински мудар?

Дополнителни информации

Тежина 0.3 кг
Димензии 2 × 14 × 20 cm
Страници

200

ИСБН

978-608-253-289-9

Повез

мек

Преведувач

Елена Маџоска-Шикоска

Оригинален наслов

‘Abath al-aqdar / Naguib Mahfouz

Година на објавување

2024

Писател

Нагиб Махфуз

Нагиб Махфуз е роден на 11 декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.

1 преглед за Мудроста на Куфу

  1. administrator

    Проба

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.