Опис
Денес Медо Чедо е пожарникар!
Прекрасна сликовница со лизгачи што се влечат и туркаат.
Интерактивни сликовници од серијалот „За вешти прстиња“ од Бенџи Дејвис, со механизми за развој на моториката кај децата. Прозорчиња што излегуваат со помош на тркалца и други елементи што се извлекуваат и вовлекуваат и се вистинска забава за целото семејство. Книгата има и едноставен римуван текст со впечатливи, прекрасни цртежи.
Во оваа сликовница тој е пожарникар и ние заедно со него ќе добиеме итен повик, а низ пожарникарската шипка, ќе го спуштиме на приземјето, ќе облече пожарникарско одело и заедно со екипата ќе го збрмчат моторот на пожарникарското возило и ќе тргнат од пожарната. Ќе се возиме низ целиот град и на крајот Медо Чедо ќе биде херој на денот.
Критики
Нема критики сеуште.