Македонистички студии за Егејот

300 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 30 Поени!
Категорија Ознака:

Опис

Дијалектите во егејскиот дел на Македонија, што се наоѓа во државните рамки на Грција, се дел од дијалектите на македонскиот јазик на крајниот словенски југ на целиот појас од Родопите и реката Места, на исток, па до планината Грамос, на запад. Со распарчувањето на Македонија по судбоносните Балкански војни во 1912 и во 1913 година, пресечени неприродно од македонското јазично ткиво, а подоцна и со низа насилни демографски промени, говорите во егејскиот дел на Македонија продолжија да егзистираат.

Писател

Васил Дрвошанов

Васил Дрвошанов е јазичар, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултетдипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во пензија. Дрвошанов бил виш научен соработник и директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер” (2002–2004); уредник или соуредник на десетина зборници научни трудови и др. Со свои прилози тој има учествувано на осумдесет и пет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи над четиристотини библиографски позиции.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.