Лингвистичките дела на Олга Иванова

300 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 30 Поени!

Опис

Таа е првиот научен истражувач од Македонија што се стекна со титулата доктор по филолошки науки од областа на македонската ономастика (наука за сопствените имиња) и прва жена, која беше директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, појаснува Дрвошанов.

Објавено е второто издание на книгата „Лингвистичките дела на Олга Иванова“, од Васил Дрвошанов, единствена монографија во Македонија во која се обработува севкупното творештво на еден лингвист.

Книгата е објавена по повод 85 години од раѓањето на Олга Иванова и осум години од нејзината смрт, од страна на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов, дело во кое се анализираат нејзините единаесет монографии, објавени од авторката.

– Таа е првиот научен истражувач од Македонија што се стекна со титулата доктор по филолошки науки од областа на македонската ономастика (наука за сопствените имиња) и прва жена, која беше директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, се појаснува во соопштението од Дрвошанов.

Во монографијата Васил Дрвошанов одделно ја анализира секоја книга на Иванова, а на крајот ги синтетизира главните состојки од целиот нејзин опус. Тој нагласува дека главен признак на лингвистичките дела на Олга Иванова е македонстовото.

Ставот за самобитноста на македонскиот јазик, проткаен во сиот нејзин опус, секогаш е поткрепен со агрументи, а нејзин најсилен аргумент е научната вистина. Голема заслуга на Иванова е расветлувањето на илјадници македонски топоними и антропоними. Книгите на Иванова се најдобар доказ дека македонскиот јазичен етнички простор има милениумски традиции. Тие се најцврстата потврда дека македонскиот народ има длабоки корени, опстојувајќи и простумејќи со векови на овие простори, вели лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов.

Со ова дело проф. д-р Васил Дрвошанов, автор на четириесет книги од областа на лингвистиката и на македонската книжевност, продолжува да ги афирмира научните вредности на врвните македонски лингвисти и книжевни творци.

Дополнителни информации

ИСБН

978-608-253-275-2

Број на страници

228

Повез

мек

Година на објавување

2024

Писател

Васил Дрвошанов

Васил Дрвошанов е јазичар, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултетдипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во пензија. Дрвошанов бил виш научен соработник и директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер” (2002–2004); уредник или соуредник на десетина зборници научни трудови и др. Со свои прилози тој има учествувано на осумдесет и пет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи над четиристотини библиографски позиции.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.