Летото кога цветаа јагодите

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!
SKU: 66600709 Категории , , Ознака:

ЛЕТО, КАКО И МНОГУ ДРУГИ, ВО МЕСТЕНЦЕТО ШТО СЕ ВИКА ТИЉОБЈАНКО: СТАРИ ДАМИ СЕ МЕШААТ ВО СЕКОЈА РАБОТА, А ДЕЦАТА ПРАВАТ ПАЛАВОСТИ. ГОСПОЃИТЕ ОД ЧИТАТЕЛСКИОТ КЛУБ ЈА НЕРВИРААТ БИБЛОТЕКАРКАТА…

Ама тогаш стигнува веста дека „Вилата Хедер“, преубава викторијанска резиденција, ја изнајмила Присила Гринвуд, многу успешна авторка на љубовни романи. Присила во моментот е без инспирација, во потрага по спокој и анонимност, додека се обидува да пронајде начин да се ослободи од Калиопа од Топаз, пламената протагонистка на нејзините стории. Меѓутоа, работите во Тиљобјанко не одат онака како што очекува Присила: раскарани женски кланови, исчезнати мачки, девојчиња што сонуваат да станат детективки, украдени писма, легендарна тетратка со рецепти што ја крие тајната за „Возвишена“, најдобрата торта на светот, а да не зборуваме за Трофејот на јагодички што се одржува секоја година во последната недела од јули, кога сите жители се натпреваруваат во подготвување специјалитети од јагоди. А тука е и Чезаре Бурело, згоден хирург на одмор во своето родно место.

Сосема непланирано, Присила ќе се најде среде клише на вистински љубовен роман. Дали брзо да бега или да му пружи шанса на Чезаре, кој што изгледа како копија на Роџер Макмилан, фасцинантен и неодолив главен лик од книгата што таа ја има напишано? Меѓу ноќните излети, завери и исклучителната литерарна потрага по богатство, Присила конечно ќе го пронајде одговорот на прашањето што отсекогаш ја мачеше: може ли вистинскиот живот да биде како роман? 

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
Наслов на оригиналот

L’estate in cui fiorirono le fragole / Anna Bonacina

Број на страници

275

Година на објавување

2025

Корица

мека

Писател

Ана Боначина

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×