Попуст!

Калуѓерки

Original price was: 500 ден.Current price is: 400 ден.

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 40 Поени!

Опис

За немоќта на родителството, наспроти надмоќта на Бог. Пороците, пророците, поривите и искушенијата на сестрите од манастирот „Рождество Христово“, немоќта да им се одолее на нагонот, гревот и наитроштините на нечистивиот. Послушанија исмиренија, како услов за напредување во монашкиот ред. За бездимензионалноста на родителската љубов. Секојдневието и мистериите во манастирот. Приказните и судбините се измислени, но не седалеку од вистината.

Дополнителни информации

ИСБН

978-608-253-305-6

Број на страници

338

Корица

Мека

Година на издавање

2025

Писател

Димче Парталоски

Димче Парталоски е роден во 1964 година во Вевчани. Средно образование завршил во гимназијата „Свети Климент Охридски“ во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на насоката правосудна. Извесен период работи во Основен суд Струга, а од 1992 година како адвокат. За време на студиите хонорарно работи во весникот „Студентски збор“ како карикатурист, хуморист и афористичар, кога станува член на Здружението на карикатуристи на СРМ. Учествува на повеќе меѓународни изложби на карикатура. Објавува во весникот „Студентски збор“, во весникот „Нова Македонија“, во хумористичниот весник „Остен“, како и во најавната шпица на МТВ во емисијата „Младите на дело“. Хуморески објавува на „Радио Струга“ во 1986 година, во својата хумористична емисија „Боц-клоц“. Како автор, учествува во редакцискиот одбор, во издавањето на првиот број на весникот ,,Станар“ (1987) во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Во 1998 година по повеќегодишно истражување, го објавува дијалектниот речник „Речник на говорот во Вевчани“ како самостојно издание, а во 2010 година, исто така, како самоиздание го реиздава дополнетото издание на „Речник на говорот во Вевчани“. Во 2016 година ги издава двете поетски збирки „Кандило“ и „Цибрина“. Автор е на романите „Хајка“ (2019), „Велиново“ (2021), „Мртва коска" (2023). Во 2024 година ги издава „Две драми“ („Сизифовско педигре“ – комедија во четири чина и „До Вевчани преку Струмица“– комедија едночинка). „Калуѓерки“ (2025) е негов четврт роман.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.