Да беше со мене

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!
SKU: 67539717 Категории , , Ознака:

Отум и Фини некогаш беа како две души што уште од мали дишат во ист здив. Секој ден им беше заеднички, секој поглед – тивка тајна што само тие ја разбираа. Но, како што раснеа и созреваа, нешто се скрши. Или тие самите се скршија. Се трудат со сите сили да се игнорираат, како да се странци што никогаш не се познавале.

Отум има момче, Џејми, и круг блиски пријатели. Фини, пак, стана оној со кого сакаат да бидат сите во училиштето – преубав младич – во центарот на вниманието. Но секојпат кога нивните патишта ќе се вкрстат, Отум чувствува немир, како сенка што не може да ја тргне од срцето. Сè почесто ја прогонува мислата дека можеби работите можеа да бидат поинакви. Можеби тие двајца требаше да бидат заедно.

Но времето не простува. Наскоро, пред почнувањето на универзитетска кариера, сè ќе се промени засекогаш. А со секој изминат ден, Отум ќе мора да се соочи со болната вистина: како би изгледал животот ако никогаш не се разделеа…

„Роман што ќе ви го скрши срцето” – Amazon

„Болно автентичен, искрен портрет на љубовта, каењето и значењето на врските со оние што ни се најважни. Овој романтичен бестселер за млади ќе ги воодушеви обожавателите на Колин Хувер, Џени Хан и Лин Пеинтер“ – Amazon

„Да беше со мене“ на Лора Ноулин е трогателно патување низ лавиринтот на тинејџерските емоции, пријателството и пресвртните мигови што засекогаш го менуваат животот.Тоа е нијансирана приказна за созревањето, за сложеноста на меѓучовечките односи и за болката на самоспознавањето. — Mental Branch

„Да беше со мене“, не е само роман што го препорачуваат сите социјални мрежи; тоа е книга што навистина допира до срцето“ – Хајди Дишлер

Лора Наулин дипломирала англиски јазик и креативно пишување на Државниот универзитет „Мисури“. Покрај тоа што е амбициозна писателка, Лора исто така е страсна читателка што верува дека книгите ѝ овозможуваат да живее различни животи. Нејзините книги се преведени на над 30 јазици и се исклучително популарни кај младите. Со семејството живее во Сент Луис.

Меѓу другите романи, ги објавила и големите хитови:

If I Only Had Told Her (2023) „Барем да ѝ кажев“

This Song Is (Not) For You (2016) „Оваа песна (не е) за тебе“

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-327-8

Корица

мека

Наслов на оригиналот

If he had been with me / Laura Nowlin

Година на објавување

2025

Превод

Јово Баткоски

Број на страници

310

Писател

Лора Наулин

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Вие исто така би сакале…

×