Гликозна револуција

430 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 43 Поени!

Опис

Подобрете ги сите области на своето здравје – спиењето, желбата за храна, расположението, енергијата, кожата, тежината – па дури и забавете го стареењето со помош на едноставни и научно втемелени трикови за управување со нивото на шеќер во крвта, а истовремено продолжете да ја јадете храната што ја сакате.

Гликозата (шеќер во крвта) е малечка молекула во нашето тело што има огромно влијание на нашето здравје. Таа стига во крвотокот благодарение на храната што содржи скроб или шеќер. Деведесет отсто од луѓето страдаат од преголема количина во организмот, а тоа речиси и не го знаат.

Кои се симптомите на тоа? Копнежот по храна, уморот, неплодноста, хормонските нарушувања, акните, брчките… Со време дури можат да се развијат и болести како што се дијабетес тип 2, синдромот на полицистични јајници, рак, деменција и срцеви заболувања.

Потпирајќи се на најсовремените научни откритија и на своите пионерски истражувања, биохемичарката Жеси Еншоспе нуди десет едноставни и изненадувачки трикови што ќе ви помогнат да го урамнотежите нивото на гликоза и да се ослободите од симптомите, а притоа не морате да држите диета ниту да се одрекувате од храната што ја сакате.

Ќе дознаете:

– како внесувањето храна по соодветен редослед ќе ви помогне без напор да изгубите килограми;

– која тајна состојка ќе ви овозможи да изедете десерт, сепак да поминете во режим на согорување на маснотиите;

– која мала промена во она што го јадете за појадок може да доведе до тоа да имате повеќе енергија и помалку копнеж по храна.

Забавна, информативна и преполна со најнови научни податоци, оваа книга претставува нов начин на размислување за подобро здравје. Гликозна револуција содржи голем број совети што можат драстично и речиси во истиот миг да го подобрат вашиот живот без оглед на тоа што преферирате во храната.

Дополнителни информации

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 cm
Број на страници

284

ISBN

978-608-253-308-7

Повез

мек

Оригинален наслов

Glucose Revolution / Jessie Inchauspé

Година на издавање

2025

Преведувач

Симона Баткоска

Писател

Жеси Еншоспе

Жеси Еншоспе (Jessie Inchauspé) е родена во 1992 година. Таа е биохемичарка и успешна француска авторка. Ја формирала заедницата „Божица на гликозата“ и има дадено налог на „Инстаграм“, како и на „Јутјуб“ под името „Гликозна револуција“. Таа е авторка на два меѓународни бестселери „Направете ја вашата Гликозна револуција“ и „Методот на Божицата на гликозата“ и е презентер на своите научни истражувања на повеќе телевизиски канали во Лондон, Луксембург и други градови. Во 2012 година завршила математички колеџ во Лондон, потоа работела на „Универзитетот Пенсилванија“. Магистрирала биохемија во Џорџтаун. Во несреќата кога имала 19 години доживеала голема повреда и од тогаш ја изучува медицината и прави научни истражувања што се однесуваат на гликозата и нејзиното влијание на здравјето на човекот. „Божица на гликозата“, нејзиниот налог на „Инстаграм“, има преку пет милиони следбеници, а нејзината книга „Гликозна револуција“ е преведена на преку 40 јазици и е продадена во повеќе од еден милион примероци. Таа е еден од бестселерите на Њујорк тајмс.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Вие исто така би сакале…