Автори и дела 7

300 ден

Регистрирај се, нарачај ја оваа книга и освој 30 Поени!

Опис

ДРВОШАНОВ, Д-Р ВАСИЛ (13.7.1951, Моноспитово-Струмичко) е критичар, лингвист и поет.
Автор е на книгите лингвистичка и книжевна критика: Автори и дела, I (2001), Творештвото на Стојан Ристески (2002), Жени-творци во лингвистиката (2008), Лингвистичките дела на Олга Иванова (2010), Книжевни написи (2014), Автори и дела, II (2015), Автори и дела, III (2016), Автори и дела, IV (2017), Автори и дела, V (2018), Автори и дела, VI (2019) и Дијалектолошки анализи (2021).
Васил Дрвошанов е aвтор и на делата: „Фолклорни дијалектни текстови од Кајларско“ (1992), Кајларскиот говор (1993), Ономастикон – речник на лични имиња. Прво издание (1994), Ономастикон – речник на лични имиња. Второ издание (1995), Дијалектолошки студии (2001), Анатомската лексика за човекот во македонските говори (2005), Сведоци на времето (2010), Кон роднинската терминологија на горанскиот говор (2013), Македонистички студии за Егејот (2014), Спевот Јаска на Методија Ст. Тошевски (2016) и Јазичен мозаик (2020).
Ги приредил монографиите: Круме Кепески. Прилепскиот говор (1993) и Воислав Илиќ. Битолскиот говор (2020).
Коавтор е на трудовите: Толковен речник на македонскиот јазик, I (2003), Македонски дијалектен атлас : пролегомена (2008), Правопис на македонскиот јазик (2015) и Правопис на македонскиот јазик. Второ издание (2017).
Има објавено 400 трудови, а со реферати учествувал на 80 домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири.
Ги има објавено и поетските збирки: Ронки (1986), Мониста (1995), Постапалка (1998), Дожд (2001), Pâine şi apă (2003, избор поезија во препев на романски јазик), Рој (2008), Shiu (2012, препев на збирката Дожд на албански јазик), Јава и сон (2015, избор поезија), Семе (2016) и Гласје (2021).
Дрвошанов бил директор на Институтот, заменик-министер за наука, прв продекан на Педагошкиот факултет и др.
Добитник е на Наградата „13 Ноември“ (1993), на Плакета од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (2003), на Наградата „Гоце Делчев“ (2015) и на Годишната награда „Ѓорче Петров 2021“.

Писател

Васил Дрвошанов

Васил Дрвошанов е јазичар, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултетдипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во пензија. Дрвошанов бил виш научен соработник и директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер” (2002–2004); уредник или соуредник на десетина зборници научни трудови и др. Со свои прилози тој има учествувано на осумдесет и пет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи над четиристотини библиографски позиции.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.