Албум приказни

400 ден

89 на залиха

SKU: 12 Категорија Автор:

Опис

Романот Албум приказни ја има добиено Државната награда за најдобар роман за 2014 година и Европската награда за литература во 2016 година.
Албум приказни е полифон наратив што го создава мозаикот на целокупната нација на Кипар. Смртта во семејството го отплеткува јазолот на стории што зборуваат за животот, смртта, љубовта, војната, бегалците, како на индивидуален, така и на колективен план. Приказните патуваат од фотографија на фотографија; на тоа патување поминуваат низ дневниот печат, класиците на литературата, книгите со рецепти и личните допишувања. Ова е историја на едно место раскажана од аголот на нејзините жители.
„Секоја вообичаена форма, во ова дело е разурната; не постои централна приказна, ниту единствен заплет, не постојат главен и споредни ликови, го нема главниот наратор, ниту доминантното фокусирање што ќе ја одржи нишката на пишувањето или случувањата ќе ги претстави од еден конкретен агол. Авторот повеќе избира мноштво од гласови, дијалози, сведочења, текстови, препуштајќи им на нештата слобода да зборуваат за себе“
Лефтерис Папалеониду, книжевен критичар

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Албум приказни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *