Најпознатите митови за фараоните

350 ден

Опис

Дали историјата на древно египетската цивилизација
била изложена на извитоперување?

За жал, одговорот е да. Можеби цивилизацијата на древните Египќани била и сѐ уште е една од најхуманите цивилизации. Таа го вчудовидува секој што на некој начин минал низ неа, низ сите нејзини периоди откако нејзиното сонце било видено на лицето на земјата, сѐ до денешен ден. Таа е цивилизација, во која – заради чудесноста и брилијантноста на своите луѓе – се создале енормно голем број митови и легенди што некогаш достигнуваат точка на претераност. Можеби во природата на древните Египќани било да ги чуваат тајните за својата цивилизација во ковчезите на своите свештеници, претставени во тајните на античкиот јазик, кој го поз­навале само образованите луѓе. Да ги чуваат тајните на магијата, науката и медицината, чудата на инженерството и архитектурата, генијалноста на астрономијата и другото знаење што било евидентирано, од остатокот нивни современици, а го претвориле во мистерии за луѓето што ги следеле.
Ваквата состојба многу историчари и патописци ги водела кон целокупноста на египетската цивилизација да се однесуваат со игнорантски однос, а други пак со омраза, па така тие отфрлиле многу од информациите пренесувани преку легендите и митовите и така не ја отсликуваат реалноста на египетскиот карактер, египетскиот морал, или египетската историја или цивилизација.
Шериф Шабан

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Најпознатите митови за фараоните”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *