Опис
Книга што ќе ве насмее и расплаче во исто време.
За Миа и за нејзините школски другари започнува летниот распуст. Долго време ќе бидат слободни. Но, наскоро ќе треба да почнат во средно училиште и секој по својот пат: ќе бидат разделени во различни насоки. Сепак тие го имаа ова лето за да бидат заедно, овде и сега. За време на распустот, Миа и Аре се зближуваат на некој нов, чуден начин и тешко е да се каже дали е тоа другарство или љубов. Штом пристигна есента, Миа се пресели во интернат. Таа блеска во нејзината нова средина на музички план и се впушта во нов средношколски живот исполнет со концерти, забави, животот во интернатот и нови пријатели.
Потоа Аре се разболува. И тој е многу болен.
Распарчени е живописен роман за пријателството, за тоа како е можно истовремено да се биде среќен и тажен кога нешто навистина чудесно и нешто навистина ужасно ќе се случат истовремено.
Авторката Хилде Миклебуст напиша интимна приказна исполнета со силни емоции. Вклучена е во каталогот на значајната интернационална награда „Бели гаврани“ за 2023 година.
Беше номинирана за наградата „Браге“ во 2022 година.
Критики
Нема критики сеуште.