Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

Тајните на Чароводие
Добредојдовте во светот на Чароводие! Седум острови кријат во себе мноштво тајни: тука сè е исполнето со волшебна сила со која може да се управува со помош на живи камења – чаронити, одважни заштитници јаваат на крилати змејкучиња и патролираат по небото, а некогашните прогонети јавачи ненадејно се враќаат за да се одмаздат за дамнешните навреди. Елда живее во осамен замок и дури не ни насетува какво богатство наследила од мајка ѝ – призрачен камен со три живи искри внатре. Некој со сета сила се труди да ја скрие вистината од девојчето, но верните другари ѝ помагаат на Елда да сфати дека светот наоколу воопшто не е таков како што таа си го замислувала. Нејзе ѝ претстои судир со прогонетите, да го отвори прозорецот во другата реалност, да го почувствува предавството на блиските и да пронајде во себе сили да оди до крај. Ќе успее ли Елда да го обнови орденот кој исчезнува, да ги одгатне сите загатки и да открие кои ѝ се вистински пријатели, а кои се предавници? Пред вас е првата книга од циклусот „Чароводие“, создадена од Јулија Иванова заедно со сликарот мултипликатор Татјана Петровска. Книгата е наменета за читатели од средна школска возраст, а исто така и за сите оние кои летаат во соништата и мечтаат за волшебните светови.
| Тежина | 0.5 кг |
|---|---|
| Димензии | 21 × 14 × 4 cm |
| ИСБН | 978-608-253-350-6 |
| Корица | мека |
| Наслов на оригиналот | Тайны Чароводья |
| Година на објавување | 2026 |
| Превод | Максим Каранфиловски |
| Број на страници | 474 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.