Здрав живот

400 ден

Родена сум на 4.10.1950 година во с. Плоча, Босилеградско, Република Србија, поточно под планината Бесна Кобила. Осмолетка завршив во с. Плоча и с. Горна Љубата, а гимназија, природно-математичка  насока, завршив во Босилеград.

         Потекнувам од скромно земјоделско и печалбарско семејство. Уште како мала приликите налагаа да помагам во семејните работи, се разбира, според возраста. Одраснав со голема љубов и грижа на моите родители, заедно со мојот постар брат.

         Студирав во Скопје на Природно-математичкиот факултет и дипломирав на Групата за применета хемија, при што се стекнав со звањето дипломиран инженер по хемија.

         Работниот век го поминав во АД Адинг на разни позиции во Институтот за контрола и истражување, а завршив како менаџер за екологија.

         Се омажив во Скопје за љубовта од студии Васил Дрвошанов. Имаме син Стефан, дипломиран инженер по електроника и телекомуникации и ќерка Тања, магистер по економски науки. Имаме тројца внуци – Матеј, Василиј и Михаил и една внукичка Марија.

         Целиот живот се трудев здраво да живеам во рамките на можностите, а особено за моето семејство. Но, условите и можностите тоа не го дозволуваа секогаш. Едуцирајќи се во врска со здравиот начин на живот преку литературата и јавните гласила за најновите медицински достигнувања, нутриционистичките препораки и еколошките фактори, дојдов до идеја сознанијата да ги пренесам на пошироката популација за нивна корист. Така настана оваа мала книга ЗДРАВ ЖИВОТ.

Тежина 0.3 кг
Димензии 21 × 14 × 2 cm
ИСБН

978-608-253-345-2

Корица

мека

Година на објавување

2026

Број на страници

120

Писател

Лилјанка Дрвошанова

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

×