Книжарница
Бул. Партизански одреди 70Б-локал 9

„Танцот на времето“ е современо поетско остварување кое носи лирска, емоционална и
филозофска рефлексија за човековото постоење, минливоста на животот и препознатлива
топлина што допира до универзалните теми во животот што брзо и ритмички минува.
Книгата е ново, свежо поетско остварување во кое авторката со зрела поетска мисла на
суптилен и длабоко емотивен начин низ стихови го истражува текот на времето и неговата
минливост. Книгата е дело кое преку стихови создава жива сила што го обликува човекот,
неговите чувства, спомени и соништа правејќи блискост до широк круг љубители на
поезијата.
Во два циклуси, преку лирски израз исполнет со сензибилитет и симболика, Маказлиева
создава поетски свет во кој минливото добива трајност, а секој миг носи своја внатрешна
тежина и значење.
Ова издание претставува значаен придонес во современата македонска поезија и уште
една потврда за континуираниот творечки пат на авторката.
| Тежина | 0.2 кг |
|---|---|
| Димензии | 20 × 13 × 2 cm |
| ИСБН | 978-608-253-340-7 |
| Корица | мека |
| Година на објавување | 2026 |
| Број на страници | 92 |
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.